• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Цело семејство Бекам ја поддржа Викторија во Париз, Бруклин и Никола ја прескокнаа нејзината ревија

5 октомври 2026, 13:29
  • cподели

Викторија Бекам ја претстави својата нова колекција на Модната недела во Париз и доби огромна поддршка од семејството, особено од сопругот Дејвид кој ѝ порача дека се гордее со неа.

Речиси сите членови на семејството го следеа модното шоу на 52-годишната дизајнерка од првиот ред во француската метропола. Дејвид, Харпер, како и Ромео и Круз со девојките гордо позираа покрај Викторија, а на семејната фотографија недостасуваше само најстариот син на парот, Бруклин.

„Многу се гордееме со тебе. Повторно ја покажуваш твојата елеганција, страста и убавината преку начинот на кој сакаш луѓето да се чувствуваат во твојата облека. Се чувствуваме толку среќни што сме дел од твојата прекрасна вечер, на место кое толку многу го сакаме. Браво, не можевме да бидеме погорди“ – напиша тој на Instagram.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by David Beckham (@__beckham75__)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Madame Figaro Paris (@madamefigarofr)

Иако Бруклин и неговата сопруга Никола Пелц во исто време престојуваа во Париз и присуствуваа на други настани од Модната недела, не се појавија на ревијата на Викторија, што дополнително го разгоре семејниот скандал.

За време на една од нивните прошетки, Бруклин носеше блуза со натпис: „It’s Not Clocking To You“ (Не ти е јасно).

Фразата стана позната кога Џастин Бибер ја употреби за време на тензична расправија со фотограф минатата година, а значи дека некој не забележува или не разбира нешто што би требало да му биде очигледно.

Поради актуелната семејна ситуација во семејството Бекам, изборот на таа блуза веднаш привлече внимание и поттикна шпекулации дека пораката има посебно значење. Сепак, Бруклин не кажал дека натписот е поврзан со неговото семејство.

Според наводи објавени во британските медиуми, односите меѓу Бруклин и неговите родители и понатаму се исклучително затегнати, а блиски до семејството велат дека засега нема знаци дека двете страни ќе се помират.

Последен пат Бруклин и Никола беа на ревијата на Викторија во септември 2024 година, неколку месеци пред семејниот конфликт да стане јавен. Оттогаш, односите дополнително се влошија, а Бруклин во јануари јавно ги обвини своите родители за контролирање и за обид да ја нарушат неговата врска со Никола.

Tags
Викторија Бекам
Бруклин Бекам

Најнови

  • BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите шест месеци од 2026 година

    Mon, 10/05/2026 - 14:20
  • Од забрани до паметни правила: Како да ја заштитиме генерацијата која живее онлајн?

    Mon, 10/05/2026 - 14:14
  • dm донација

    По повод Светскиот ден на животните: dm донираше речиси 1,5 тони храна за кучиња и мачки

    Mon, 10/05/2026 - 14:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.