• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Буквождер“: Нова македонска анимирана серија за деца инспирирана од „Бушава азбука“

31 октомври 2025, 10:53
  • cподели

Нова верзија од „Бушавата азбука“ доаѓа на малите екрани.

Четири децении по првото емитување на легендарната детска емисија, на 8 ноември премиерно ќе биде прикажана новата македонска анимирана серија, наречена „Буквождер“, која е инспирирана токму од „Бушава азбука“.

Буквождер Буквождер Буквождер

„Буквождер“ е анимирана едукативно-забавна серија која ја слави магијата на јазикот, пријателството и заедништвото. Главните јунаци, Дарија, Марко и Филип, заедно со нивниот верен сојузник — бувчето Ѕе, тргнуваат во авантури полни со хумор, музика и нови знаења за македонскиот јазик и секојдневниот живот. Секоја епизода носи нова мисија, поука и порака, наменета и за децата и за возрасните.

Буквождер Буквождер Буквождер Буквождер

„Буквождер“ е нова македонска анимирана серија за деца која ја слави магијата на јазикот, пријателството и заедништвото. Малите херои, Дарија, Марко и Филип заедно со нивниот чудесен сојузник бувчето Ѕе, тргнуваат во авантури полни со хумор, музика и корисни знаења за јазикот и секојдневниот живот. Секоја епизода носи нова мисија и јасна поука, за да биде подеднакво интересна и за децата и за возрасните.

„Многу сум среќен дека конечно ‘Буквождер’ ќе ја доживее својата премиера. Проект кој е работен со многу љубов и феноменална екипа на која сум многу горд. Носиме свежа и многу потребна забавно-образовна содржина за деца!“ – рече Георги М. Унковски, режисер и продуцент.

„Буквождер“ е новото официјално поглавје од проектот „Бушав свет“, токму во годината кога се одбележуваат 40 години од првото емитување на „Бушава азбука“,копродукција на 2БА Продукција, Види Вака раскажувачко студио и МРТВ.

Буквождер Буквождер

„Ова е едукативна авантура има за цел да поттикне љубопитност кај децата и кај возрасните, но и да ги поврзе световите на ‘Бушава азбука’ и “Буквождер’, да си ги вратиме бушавите букви дома преку една нераскажана приказна за нив што ќе пополни една голема празнина од 40 години и ќе нè одведе поблиску до реализација на ‘Бушав буквар’, последното дело на Горан Стефановски и играно продолжение на ‘Бушава азбука’. Со емитување на МРТ и паралелна дистрибуција на нашите социјални мрежи, ја правиме серијата достапна, бесплатна и блиска до семејствата“ – стои во изјавата на Горан Игиќ, продуцент на „Буквождер“ и ко-основач на Види Вака раскажувачко студио.

Првата сезона од „Буквождер“ има 10 епизоди и е планирано покрај нив да се појават и дополнителни содржина како песни, едукативни видеа, сликовници, игри за развој на креативноста и слично.

Буквождер

Гласовите на Дарија, Марко и Филип ги позајмуваат Ивана Павлаковиќ, Дамјан Цветановски и Ангела-Александра Ивановиќ, а сценариото е на Калија Киселичка.
Георги М. Унковски е режисер и продуцент на серијата, Томи Џуровски е уметнички директор, дизајнот на звук е на Сашко Поттер Мицевски, ко-дизајн на звук Марко Наумовски.

Тимот аниматори е составен од Горан Менков, Никола Димов и Дамјан Михаилов, а монтажата е на Марјан Николовски. Композитор на музиката е Георги Шарески.
Продуценти на серијата се Горан Игиќ и Мите Кузевски.

Буквождер

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.