• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бронзен медал за средношколците од „Нова“ на меѓународниот CEESA натпревар во знаење

14 февруари 2022, 19:26
  • cподели

Средношколци од меѓународното училиште „Нова“ освоија бронзен медал во вкупниот пласман на меѓународниот турнир во општо знаење (CEESA Knowledge Bowl) на кој учествуваа 24 тимови од 12 образовни институции од Централна и Источна Европа. Во рамки на индивидуалниот натпревар, средношколецот Лука Павиќевиќ го освои третото место во жестока конкуренција на над педесет ученици од училиштата CEESA (Central & Eastern European Schools Association).

Нова

Станува збор за турнир на кој учесниците одговараат на случајно избрани прашања од различни теми како што се историја, природни науки, уметност, географија, лингвистика и сл., а покрај знаењето, од исклучителна важност е и брзината на одговарање. Меѓународниот турнир се организира секоја година во различни градови од Европа, но годинава, исто како и лани, натпреварите се одржуваа онлајн поради пандемијата.

На годинешниот CEESA Knowledge Bowl турнир кој се одржа на 4 и 5 февруари, „Нова“ ја претставуваа два тима од училиштето. Првиот тим го сочинуваа учениците Маја Теофиловска, Федерико Бого, Андреј Давитков и Питер Батимир, додека вториот тим беше составен од Искра Митевска, Лука Павиќевиќ, Кијан Азгур, Марин Ивчески и Даниел Батимир. Првиот тим на „Нова“ имаше извонреден настап во квалификациските рунди, победувајќи во сите пет квалификациски натпревари со многу голема разлика.

Нова

- Осма година по ред тимовите на „Нова“ се меѓу првите три највисоко рангирани селекции на CEESA, а втора година по ред откако е воведена поединечна конкуренција, имаме наш ученик меѓу тројцата најдобри натпреварувачи. Ова е резултат на напорната работа и големиот ентузијазам на нашите ученици, како и времето што ние како тренери го инвестираме во усовршување на вештините на нашиот тим и регрутирање нови кандидати – велат тренерите на тимот на „Нова“.

Натпреварот Knowledge Bowl во 2016 година се одржа во Скопје, кога домаќин беше меѓународното училиште „Нова“. Тогаш двата македонски тима се пласираа на првото и второто место.

Tags
Нова

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.