• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Брижит Бардо замина во легендите: Познатата актерка и активистика почина на 91 година

28 декември 2025, 13:45
  • cподели
Брижит Бардо

Брижит Бардо почина на 91 година. Веста за смртта на легендарната француска актерка, пејачка и активистка беше соопштена од нејзината Фондација за заштита на животните.

Кариерата на Брижит започна како модел и на 15-годишна возраст се појави на корицата на Elle, а потоа забрзано започна да се движи до врвовите на филмската индустрија и таа прерасна во секс симбол. Интернационална слава стекна со филмот „And God Created Woman“ (1956), по што следуваа „The Truth“, „Contempt“, „Viva Maria!“, „A Very Private Affair“, „Shalako“, „Don Juan or If Don Juan Were a Woman“.

Брижит Бардо
Брижит Бардо

Во 1973 година, на само 39 години, Бардо донесе радикална и храбра одлука целосно да се повлече од шоу-бизнисот и да се пензионира. Оттогаш таа го посвети својот живот на борбата за оние што немаат глас. Љубовта кон животните ѝ прерасна во најголема мисија, а во 1986 година таа ја основа Фондацијата „Брижит Бардо“ за благосостојба и заштита на животните.

Бардо низ целиот свој живот водеше битка со менталното здравје. Притисокот од славата, јавниот живот и постојаната изложеност често ја туркаа на работ на издржливоста. Во 1960 година, за време на снимањето на „The Truth“, таа се обиде да си го одземе животот. Во интервју за списанието FRANCE во 2010 година, Бардо призна дека славата за неа била товар, а не благослов: „Неколкупати сум била на раб на самоубиство — вистинско чудо е што сè уште сум жива“.

Брижит Бардо
Брижит Бардо

На 49-тиот роденден таа се предозира со лекови и црвено вино, но за среќа преживеа. Истата година, се лекуваше од рак на дојка.

Нејзиниот приватен живот исто така беше исполнет со турбуленции. По разводот со режисерот Роже Вадим во 1957 година, Бардо започна врска со актерот Жак Шарије. Тие се венчаа една година подоцна, а во јануари 1960 година го добија синот Николас-Жак Шарије. Бракот заврши во 1962 година, а нивниот син примарно беше растен од семејството на таткото.

Третиот брак со милионерот Гантер Сакс ѝ траеше од 1966 до 1969 година, а во 1992 година се омажи за Французинот Бернард д’Ормал.

Брижит Бардо

Во изминативе години, Брижит привлекуваше големо внимание со контроверзните коментари за мигрантите во Франција и неколку пати беше парично казнета. Исто така, таа беше силно критикувана за нејзиното гледише на движењето #MeToo.

„Многу актерки флертуваат со продуценти за да добијат улога. А потоа кога ќе ја раскажат приказната, велат дека биле малтретирани“ – изјави таа за The Guardian.

Брижит Бардо
Tags
Брижит Бардо

Најнови

  • Брижит Бардо

    Брижит Бардо замина во легендите: Познатата актерка и активистика почина на 91 година

    Sun, 12/28/2025 - 13:45
  • Блејк Лајвли во дамски празничен стајлинг на забава

    Fri, 12/26/2025 - 13:22
  • Сара Мејс со семејството

    „Пишуваме писма за Дедо Мраз, за Бадник сè подготвуваме со децата“: Празнично со Сара Мејс

    Fri, 12/26/2025 - 13:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.