• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бритни – новата драма во нејзиниот живот и новиот албум

3 декември 2010, 16:04
  • cподели

Денес Бритни Спирс објави дека е при крај со снимањето на новиот албум и најави дека тој ќе биде објавен во март наредната година.

„Скоро сум готова со мојот нов албум и ќе излезе овој март. ЗАЉУБЕНА СУМ ВО НЕГО!“ – напиша таа на Twitter.

Но, наместо да се пишува за Бритни и нејзиниот албум, во последните неколку дена странските медиуми се преполни со вести за новата драма во животот на Бритни.

Сè започна кога списанието Star објави интервју со бившиот сопруг на Бритни, Џејсон Александер.

Александер, кој беше во брак со познатата пејачка само 55 часа, објави дека Бритни била физички малтретирана од нејзиниот сегашен партнер Џејсон Травик и дека во почетокот на оваа година била бремена од него.

„Бритни е во насилна врска. Таа ми кажа дека животот ѝ се претворил во кошмар“ – изјавил Џејсон Александер.

Насловната на сисанието StarНасловната на сисанието Star Џејсон АлександерЏејсон Александер, кој беше во брак со Бритни во 2004г.

Целата приказна која ексклузивно беше објавена од американското списание Star делуваше како апсолутна лага, но само еден ден подоцна, веб сајтот RadarOnline објави телефонски разговор кој наводно се одвивал помеѓу Бритни и Џејсон Александер, а во кој Бритни признава дека Травик ја претепал.

Еве го дијалогот од разговорот:

Џејсон Александер: Што правиш со проблемите со твојот свршеник?

Бритни: Тој не ми е свршеник.

Џејсон Александер: Мислев дека ти предложи брак на плажа или нешто така слично.

Бритни: Пред или откако ме истепа?

Менаџерот на Бритни, Лери Рудолф, веднаш негираше дека гласот од аудио снимката е на Бритни. „100 проценти не е таа“ – изјавил тој за медиумите.

Малку подоцна во текот на истиот ден, RadarOnline објави уште една аудио снимка во која Бритни наводно објаснува дека не го пријавила Џејсон Травик во полиција за да не дознае јавноста.

Еве го дијалогот од втората аудио снимка:

Џејсон Александер: Зошто тој не е во затвор бејби? (се однесува на Џејсон Травик)

Бритни: Затоа што не сакав јавноста да дознае за ова и не сакав да го обвинам за ништо за сите да дознаат. Па, само го напуштив и го променив својот мобилен телефон.

Набрзо по објавувањето, Џејсон Александер побрза да потврди дека снимката е вистинска.

„Стојам зад својата приказна.. на таа снимка апсолутно е мојата бивша жена Бритни Спирс. Растев со неа од времето кога бев 4-то одделение и знам како звучи. Таа со години ми се јавува“ – повторно се огласил Александер преку списанието Star.

И по сите овие обвинувања, Бритни стои зад својот партнер Џејсон Травик. Папараците вчера успеаја да ги уловат заедно и со тоа да ги разбијат гласините за разделба.

Бритни и Џејсон ТравикБритни и Џејсон Травик се видени заедно вчера

Денес, самата Бритни ги негираше сите тврдења на Џејсон Александер и на Twitter објави и порака до сите кои го обвинуваат Травик дека физички ја малтретирал. Пораката е: „P.S. Star Magazine, Radar Online, Џејсон Александер и останатите лажговци, Ya'll can kiss my lily white southern Louisiana ass!“.

И за да потврди дека сè уште се заедно со Травик, таа напиша: „Ок, заминувам на романтичен викенд со Џејсон за мојот роденден“. Инаку, вчера Бритни наполни 29-години.

Tags
Бритни Спирс

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.