• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Брилијантни: Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес освои злато на меѓународен натпревар во Грција

22 септември 2026, 14:40
  • cподели

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес се закити со златен медал и го освои првото место на меѓународниот хорски фестивал „Музика и море“, кој се одржа во Паралија.

Под раководство на диригентката Веселинка Маџарова, младите велешани се претставија со четири композиции, со кои успеаја да ги освојат симпатиите и највисоките оценки на стручното жири во Грција.

Посебни пофалби од жирито доби и професорката за изборот на репертоарот, кој очигледно одигра важна улога во брилијантниот настап на хорот. Особено впечатлива беше песната за „малечката мува“ која навистина сите ги остави без зборови, но исто толку убаво  беше изведена и „Дафино вино црвено“.

„🎼Најдобар хор во категорија на детски хорови и влез за натпревар во гран при🎶 ЗАЕДНО можеме и повеќе❤️ Благодариме на Општина Велес што во континуитет го поддржува Детскиот хор Св. Кирил И Методиј“ - напиша Веселинка Маџарова на социјалните мрежи и сподели фотографии и видеа од настапот.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

„Музика и море“ е многу популарен фестивал кој традиционално се одржува секоја година во средината на септември во крајбрежното туристичко место Паралија. Фестивалот има натпреварувачки и ревијален дел, а на него учествуваат стотици хорови (детски, младински, машки, женски и мешани) од цела Европа.

ФОТО: Facebook / Веселинка Маџарова 

Tags
детски хор „Св. Кирил и Методиј“

Најнови

  • Брилијантни: Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес освои злато на меѓународен натпревар во Грција

    Tue, 09/22/2026 - 14:40
  • „Децата се следниот чекор... Живееме нормален живот“: Столе Димитриевски со сопругата Ирина за животот во Валенсија

    Tue, 09/22/2026 - 14:03
  • Бизарно или креативно? Бремената Ли-Ен Пинок на ревија со градник кој „прска“ млеко

    Tue, 09/22/2026 - 12:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.