• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бредли Купер на прошетка со ќеркичката, изјави дека можеби немаше да е жив ако не се родеше таа

29 февруари 2024, 08:24
  • cподели

Родителството комплетно нè менува како личности. Доаѓањето на децата нè поттикнува да бидеме најдобрата верзија од себеси за да им го покажеме најдобриот пат во животот.

Во ново интервју, Бредли Купер изјави дека можеби денес немаше да е жив доколку не се родеше неговата ќеркичка Леа. Славниот актер алудираше на неговата претходна борба со зависноста. Тој не крие дека сега од детето му зависи сè што прави во животот.

„Искрено не сум сигурен дали ќе бев жив доколку не бев татко. Не знам што ќе се случеше. Не сум сигурен“ – изјави тој и дополни дека родителството го смета како котва, која му беше „фрлена“ за да го забави неговиот брод.

„Доаѓа цунами и ти треба котва за да ја фрлиш. Бидејќи токму ова ќе ти диктира сè што ќе правиш отсега натаму. Твојата ДНК ќе ти кажува дека има нешто поважно од тебе“ – дополнил Купер.

Бредли и 6-годишното девојче беа фотографирани во Њујорк.

Бредли Купер и Леа Бредли Купер и Леа

„Како татко, во потрага сум по најмалата штета што можам да ѝ ја направам на ќерка ми“ – признал холивудскиот актер. Тој не крие дека имал лоша врска со неговиот татко и дека минувал многу малку време со него.

Бредли отворено признал дека токму поради тоа во почетокот не ги разбирал родителите кои велат дека би умреле за своите деца, но по неколку месеци сфатил точно за што му зборувале.

„Во првите осум месеци не знаев ни дали навистина го сакам детето. Бев фасциниран од неа. Сакав да се грижам за неа. Но, дали би умрел за неа ако некој ми впереше пиштол? И одеднаш, тоа веќе не беше прашање“ – рекол тој.

Бредли Купер и Леа Бредли Купер и Леа

Бредли ја доби ќеркичката Леа со поранешната девојка Ирина Шајк. И по нивната разделба, тие имаат одлични односи и заедно се грижат за детето.

Бредли Купер и Леа Бредли Купер и Леа Бредли Купер и Леа

Најнови

  • Свадба

    На која возраст Македонците стапуваат во брак и кој месец е апсолутен хит за свадби?

    Fri, 06/12/2026 - 14:10
  • Тони Зен

    „Од Аеродром со љубов“: Тони Зен со емотивна урбана химна за неговото маало

    Fri, 06/12/2026 - 12:52
  • „Немаме кола, ќерките носат облека од братучеди“: Македонци кои живеат во Норвешка откриваат како штедат за да патуваат 9 месеци

    Fri, 06/12/2026 - 12:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.