• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бред Пит се забавува со девојката Инес откако неговите деца се откажаа од него како татко и го отфрлија неговото презиме

16 септември 2026, 13:15
  • cподели

Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон деновиве неколкупати беа фотографирани заедно, во период кога неговиот однос со децата повторно е во центарот на медиумското внимание.

62-годишниот актер и 33-годишната Инес беа забележани како пристигнуваат на њујоршкиот аеродром „ЏФК“, држејќи се за раце откако заедно ги проследија финалињата на УС Опен и си разменуваа нежности на трибините.

Нивните заеднички појавувања доаѓаат во момент кога семејната драма околу Пит и децата кои ги има со Анџелина Џоли повторно се актуелизира.

Пред само неколку дена беше потврдено дека и неговиот најстар син Мадокс официјално го променил презимето од Џоли-Пит во Џоли. Одлуката ја донел со судска постапка, а судот во Лос Анџелес ја одобрил промената на 14 септември.

Тој е второто дете на Пит и Џоли кое официјално презеде правни чекори за отстранување на презимето „Пит“. 

Шајло уште во 2024 година го промени своето име во Шајло Џоли, додека Захара поднесе барање за промена во јуни годинава. И Вивиен поднесе петиција за отстранување на презимето, наведувајќи „лични причини“.

Пакс и понатаму го носи презимето Џоли-Пит, а ниту најмладиот син Нокс досега не покренал таква правна постапка.

Односите меѓу Пит и неговите деца со години се тема на бројни медиумски наслови. 

Извор близок до Пит за People во јули изјавил дека станува збор за „долготрајна кампања на отуѓување“, додека извор близок до Џоли возвратил дека, доколку јавноста ја знае „целата вистина“, би имала повеќе разбирање за одлуките на децата.

Пит во последно време сè почесто се појавува во јавноста со Инес, со која е во врска од 2022 година.

Во медиумите се појавија и тврдења дека парот наводно се обидува да добие дете. Според извори цитирани од неколку таблоиди, тие не се откажуваат од желбата да создадат свое семејство, иако ова досега не е официјално потврдено од Пит или де Рамон.
 

Tags
Бред Пит
Инес де Рамон

Најнови

  • Милена

    Нема да ви се верува дека е пред породување: Србинка го покажа малото стомаче во 38. недела од бременоста

    Wed, 10/07/2026 - 21:20
  • ЕДС

    Поевтина струја + вреден подарок, ЕДС со нова понуда за компаниите

    Wed, 10/07/2026 - 15:34
  • 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

    Wed, 10/07/2026 - 15:29
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.