Бред Пит има нова љубов? Славниот актер фотографиран со „двојничка на Ирина Шајк“ по приватен лет до Франција
По разводот со Анџелина Џоли, Бред Пит беше мета на шпекулации за врска со неколку жени, но новите фотографии наводно покажуваат дека се вистинити гласините дека негова нова љубов е моделот Никол Потуралски.
56-годишниот актер беше фотографиран со младиот модел по пристигнувањето со приватен авион во Јужна Франција.
Очевидци тврдат дека парот не криел дека е во романтични односи.
Бидејќи згодната девојка наликува на Ирина Шајк, многумина ја нарекоа нејзина двојничка.
Бред и Анџелина објавија дека се разделија во септември 2016 година. Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, а својата љубов ја крунисаа со венчавка во Франција на 23 август 2014 година.
