Браво! Момците кои го извлекоа Светиот крст во Крива Паланка ја донираа наградата на деветчлено семејство
Празниците се време кога сите треба да покажеме дека заедништвото и грижата за другите се темелни вредности на едно општество.
Токму тоа го покажаа момците кои го извлекоа Светиот крст од водите на Крива Река. Наум Додевски, кој оваа година го фати крстот, како и останатите учесници на верскиот настан на Водици одлучија наградите да ги подарат на деветчлено семејство кое има најголема потреба од нив.
Веста ја објави градоначалникот Сашко Митовски, кој ги прими момците во својот кабинет. Еве ја неговата објава:
💙Денес, во кабинетот ме посетија храбрите момци од мојот тим, момците кои годинава го извлекоа Светиот крст од водите на Крива Река.
Со големо срце и без двоумење, тие решија наградата од Светиот крст да ја донираат на семејството Димитровски, деветчлено семејство од Крива Паланка кое најмногу има потреба од поддршка 🤝.
Овој гест преставува вистинска смисла на верата, не само храброст, туку и човечност, солидарност и грижа за другиот💛.
Гордо можам да кажам дека во нашата општина имаме млади луѓе кои нè потсетуваат дека добрината, грижата за другиот и заедништвото се најголемата темелна вредност на едно здраво општество.
Наум Додевски беше најсреќен на Водици и го извлече крстот од водите на Крива Река.