• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бранџелина: Некажаната вистина за Џоли и Пит

2 декември 2009, 20:24
  • cподели
Анџелина и БредАнџелина и Бред изгледаат среќни, фотографирани на денот на објавување на скандалозната книга за нивниот живот.

Сексуалниот живот на Анџелина Џоли и Бред Пит беше феноменален сè додека нивната врска не „закисели“ - тврди авторот на книгата „Бранџелина: Некажаната вистина за приказната на Бред Пит и Анџелина Џоли“.

Новата книга на Ијан Халперин повторно го насочи целото внимание кон познатата холивудска двојка. Тој преку својата книга ѝ открива на јавноста многу скандалозни моменти од животот на семејството Бранџелина.

Халперин изјави за Fox News дека односите кои Бред и Анџелина ги покажуваат пред камерите и новинарите се само глума, како што тоа е вообичаено со холивудските ѕвезди.

Сочните детали во книгата на Халперин покажуваат дека славниот пар порано поминувал 18 до 20 часа на ден во кревет.

„Бред никогаш немал толку неверојатен секс. Моите извори велат дека понекогаш тие поминувале и 18 до 20 часа дневно во кревет. Но, на крајот на краиштата, желбата за секс се намалува“.

Според Халперин, сега атмосферата во куќата на Анџелина и Бред била сосема поинаква. Тие се карале „како маче и куче, за сè - од политика, до тоа што да облечат децата и за лошите навики на Бред“.

Популарниот автор тврди дека неговите зборови не се измислица и дека се потпираат на изјавите на повеќе од 900 лица блиски до Анџелина и Бред. За да може да ја собере целата оваа информација, тој контактирал со блиски на Бред и Џоли под изговор дека е новинар.

Ијан ја опишува Анџелина како емоционално нестабилна личност и тврди дека некои од блиските на Бред се плашат за неговата сигурност.

„Зборував со неколку луѓе од семејството на Бред, кои посакуваат Бред и Анџелина веднаш да раскинат. Тие се плашат за сигурноста и здравјето на Бред“.

На крајот, Харпелин смета дека атрактивниот пар е пред разделба: „Тие ќе се разделат во наредните 18 месеци или порано од тоа“.

Ијан Халперин е писател кој заработува за живот од своите контроверзни биографии. Во претходните свои книги тој има објавено скандалозни детали од животите на Курт Кобејн, Селин Дион и Мајкл Џексон.

Tags
Анџелина Џоли
Бред Пит

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.