• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Брако“ донираше медицински помагала и подели новогодишни подароци на децата во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Скопје

28 декември 2021, 18:34
  • cподели

Денеска (28 декември 2021), претставници на компанијата „Брако“ донираа медицински помагала и поделија новогодишни пакетчиња на 35 деца кои престојуваат во Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Основното училиште „Киро Глигоров“ во Скопје.

На Дневниот центар му беа предадени на користење три медицински помагала за лица со инвалидитет кои што се дел од медицинската производствена програма на „Брако“. Веруваме дека донираните помагала ќе бидат од голема помош при грижата за децата кои речиси секојдневно престојуваат во Центарот.

Брако донација Брако донација Брако донација

„Би сакал да се заблагодарам на вработените во Дневниот центар за лица со церебрална парализа, што денеска ни дозволија да бидеме нивни гости и да им се заблагодарам на децата кои ни посакаа добредојде. Во миговите кога најмногу се подарува, во пресрет на Новата Година, огромна чест ни е што Центарот ја прифати нашата понуда да донираме медицински помагала и на децата да им поделиме новогодишни подароци. Драго ми е што успеавме да им кажеме дека мислиме на нив, како што всушност тоа го правиме и во текот на целата година, затоа што медицинската производна програма е од самите почетоци на „Брако“ чии производи се позиционирани на светските пазари согласно потребните ИСО стандарди за квалитет. Во име на компанијата „Брако“, им ја честитам Новата Година на сите лица со попречености во развојот, на нивните семејства, на сите Центри што се грижат за овие лица, поттикнувајќи ги во опстојувањето во животот со хендикеп, во живот кој го смени својот нормален тек заради корона-кризата, која што искрено посакувам да остане наше минато“, изјави по повод донацијата, г-динот Огнен Анѓушев, оддел за набавки во „Брако“.

Брако донација Брако донација

Г-динот Анѓушев истакна дека компанијата секогаш е подготвена и со будна свест за најранливите социјални категории кон кои и во иднина ќе продолжи општествено одговорно да се грижи.

Брако донација
Tags
Брако

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.