• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Божиновски ја продолжи традицијата на филмскиот фестивал Браќа Манаки: Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

21 септември 2021, 09:51
  • cподели

Божиновски часовници и накит ја продолжи традицијата на доделување на наградата „Дијаманти на кинематографијата“, во склоп на фестивалот „Браќа Манаки“. Оваа година дијамантите ќе заблескаат во рацете на годинешните лауреати: композиторката Џозелин Пук и австрискиот кинематограф Кристијан Бергер.

Врачувањето на наградата, со оглед на ситуацијата, се случи во интимна атмосфера во просториите на „Божиновски часовници и накит“ на Широк Сокак во Битола.

Дијаманти од Божиновски Дијаманти од Божиновски

„Што може повеќе да кажеме за двајцата добитници, од тоа што за нив го зборуваат нивните ремек дела, може само да ни биде чест што Битола, а со тоа и Божиновски часовници и накит се дел од светската филмска кинематографија. Фестивалот Манаки е најголемиот дијамант кој Битола го има како град, треба да го брусиме, да го негуваме, да го живееме и од година во година да го правиме сè посјаен“ – велат од Божиновски.

Дијаманти од Божиновски Дијаманти од Божиновски

Оваа година Божиновски часовници и накит како долгогодишен партнер на фестивалот се впушти во позначајна авантура, ангажирајќи го целиот човечки и креативен потенцијал на компанијата со цел да ја збогати OFF програмата на фестивалот. Целта е како што велат од Божиновски, радоста кон фестивалот да се врати кај битолчани, да го живеат и да бидат горди што се дел од ова случување.

Наградата „дијаманти на лауреатите“ која традиционално се доделува веќе четири години, до сега ја имаат добиено преку 15 звучни имиња од светот на кинематографијата, како американскиот кинематограф и режисер Едвард Лахман, грчкиот кинематограф Јоргос Арванитис, германскиот режисер и продуцент Фатих Акин, шпанскиот кинематограф Хосе Луис Алкаине и други меѓу кои и нашиот, а светски, Милчо Манчевски.

Дијаманти од Божиновски Дијаманти од Божиновски Дијаманти од Божиновски
Tags
Божиновски часовници и накит
Манаки 2021

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.