• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Божиќните Прага и Пардубице блескаат: Македонка ни открива како изгледа празничната магија во Чешка

11 декември 2025, 12:37
  • cподели

Ангела Кузмановска Стојановска заедно со сопругот Мартин и нивното кученце Ори веќе две години живее во Пардубице, град што се наоѓа на само 124 километри од Прага. Таму работи како архитект, комбинирајќи го мирниот живот во Пардубице со секојдневните професионални предизвици во чешката престолнина. Вели дека токму контрастот меѓу двете средини создава рамнотежа која ѝ одговара и лично и професионално.

Во овој период од годината, главниот град на Чешка има посебна божиќна атмосфера, а Ангела за Фемина ја пренесува од прва рака:

Прага празнично украсена
Ангела Кузмановска Стојановска
Прага празнично украсена

„Прага, со својата архитектура, е сам по себе магичен град, а божиќната атмосфера само го надополнува тоа бајковито чувство. Украсени се елки на секој плоштад и има десетици божиќни штандови, па слободно може секој викенд да се помине на различен плоштад и во различна атмосфера. Секако, најпознат е оној на плоштадот во Стариот град, чие свечено отворање и осветлување на елката беше на 29.11, последната сабота во ноември, или четири недели пред католичкиот Божиќ, кога и започнува адвентниот период. Главниот божиќен маркет во Прага е еден од ретките што трае и по католичкиот Божиќ, сè до 06.01.

На штандовите изобилува традиционална храна како разни видови колбаси, лангош – вид на мекица прелиена со лук и кашкавал, слатки и солени кнедли, разни видови локални кашкавали, крап со руска салата и многу друга домашно приготвена храна. Тука, секако, не смеат да се пропуштат и чешкиот трделник, новогодишните циметни/медени колачиња – perník, и грееното вино – svařák.“

Прага празнично украсена
Прага празнично украсена
Прага празнично украсена

Но, она што најмногу ја воодушевува оваа архитектка е посветеноста на секој детаљ:


„За мене најубав впечаток од овој период е посветеноста на создавање прекрасна божиќна атмосфера, не само на главниот плоштад во главниот град, туку на секое едно плоштатче и парк во Прага. Но, исто така, и секој останат град има свој божиќен маркет и елка. Со задоволство секој викенд си организираме прошетки низ различни места. Исто така, традицијата на користење природни елки навистина ми се допаѓа – тие се масивни и импресивни. Иако во одреден момент традицијата на користење природна елка ме загрижува, сепак, по завршување на Божиќ, елките се рециклираат.“

Како некој што секојдневно го живее ритамот на Прага, Ангела препорачува посетителите да ѝ се препуштат на магијата на градот:

„Прага е толку прекрасна што доволно е само да се изгубите низ нејзините улици. Секој плоштад во Прага ќе ве изненади со некоја нова активност, новогодишна елка и штандови. Убаво е барем во еден период од годината да избегаме од секојдневните обврски и да влеземе во еден поинаков свет. На различни места низ градот се поставени и лизгалишта, кои ги обожавам – на пример, едно од нив е покрај Влтава со поглед кон Карлов мост и катедралата Св. Витус.

За дополнување на празничното расположение, секој ден за време на овој период, почнувајќи од 16 часот, традиционално на Карлов мост, запалувач на гасни улични светилки, облечен во традиционална облека, се качува рачно да ги запали – исто како некогаш во 19 век.“

Прага празнично украсена
Прага празнично украсена

Иако празничната Прага е спектакл, Ангела препорачува да се посети и Пардубице, градот што го нарекува „Прага во мало“, а кој од главниот град е оддалечен само еден час со воз.

„Пардубице, градот на познатото чешко медено (новогодишно) колаче – perník, како и на традиционалните коњски трки, е место со свој специфичен шарм и мирен ритам на живот. Главната шетачка улица нè води до стариот плоштад, каде што е сместена новогодишната елка и божиќниот маркет. Плоштадот е обиколен со мали куќички со шарени фасади кои нè враќаат во ренесансниот период надополнет со празнична атмосфера и мирис на цимет.

За мене, Пардубице е како Прага во мало. Иако ништо не може да се спореди со Прага, местата што се помалку туристички се посебни и на некој начин ти ја претставуваат локалната култура поинтимно и посрдечно.“

Пардубице
Пардубице
Пардубице

Празничните импресии на нашата соговорничка навистина звучат како покана за едно топло патувачко искуство низ чешкиот божиќен дух, кое вреди да се проба. А доколку ве натера да се замислите, еве ви и причина плус: од 15-ти декември започнуваат директни „Wizz-air“ летови на релација Скопје-Прага.

Даница Караташова Илиоска / Femina.mk

Tags
Прага
Нова година 2025
Ангела Кузмановска Стојановска

Најнови

  • Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Алкалоид“ при официјалната посета на владина делегација во компанијата

    Sat, 12/20/2025 - 01:03
  • Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

    Битола и Виена повторно на иста адреса: Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

    Fri, 12/19/2025 - 20:00
  • Irina Atanaskova, позната како Ina Nameless

    Со Ирина Атанаскова: За уметноста да се биде мајка и уметник и за пријателот што го спасува денот

    Fri, 12/19/2025 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.