• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Богата едукативно-забавна програма на Халкбанк за Светскиот ден на штедењето

27 октомври 2023, 13:45
  • cподели

Со кампањата „Среќата е во малите чекори“ Халкбанк АД Скопје организира низа настани во текот на октомври за да го поттикне штедењето особено меѓу најмладата популација. Кампањата ќе биде заокружена во вторник (31 Октомври) на Светскиот ден на штедењето, со богата едукативна и забавна програма во Градскиот парк во Скопје.

Светскиот ден на штедењето се одбележува од 31 Октомври 1924 година, а Халкбанк овој ден го посветува со најголемо внимание кон најмалите.

Халкбанк

„Кога на децата на едноставен и разбирлив начин ќе им покажете како функционира светот на парите и на штедењето, тие ќе прераснат во возрасни одговорни личности со навики за штедење. Халкбанк АД Скопје постојано организира кампањи за да им помогнеме на најмладите членови на нашето општество да пораснат во граѓани кои ќе бидат одговорни и ќе се грижат за вистинските вредности. Еден од овие чекори е и новото издание „Букварот на Халки“ преку кој банката на сликовит начин им ги претставува најважните финансиски поими на децата за да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење“ – вели Наумовска-Савеска.

Халкбанк

Со богатата програма на Халкбанк, Градскиот парк во Скопје во вторник ќе прерасне во едукативно-забавен парк на отворено. Од 13 часот ќе има отворена детска работилници на тема „Среќата е во малите чекори“. Од 15 часот следува музички блок со слончето Халки, најдобриот пријател на децата, а во 17 часот е закажана промоцијата на „Букварот на Халки“. Следува дружење со Идолите на Халки, 12 исклучителни талентирани деца од цела Македонија преку кои Халкбанк во соработка со порталот Умно.мк во изминатата година ги промовираше науката, образованието, уметностите и спортот меѓу најмладите.

„Букварот на Халки“ деновиве беше промовиран и во Гевгелија, Битола и во Куманово. Во друштво на слончето Халки, љубопитните дечиња одлично го прифатија новото издание преку кое веќе учат нови работи.

Халкбанк Халкбанк Халкбанк

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Како компанија таа има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските вредности. Досега има организирано многу кампањи за различни возрасни групи, повеќе од 200 креативни работилници за деца низ цела Македонија. Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката и културната свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики.

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.