• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Блогерка преку примери од животот со мали деца објасни зошто мајките секогаш доцнат

20 декември 2022, 12:15
  • cподели

Мајките постојано брзаат некаде. Обидувајќи се да балансираат меѓу многубројните семејни обврски и социјалниот живот, тие честопати доцнат на средбите со пријателите.

За да објасни зошто мајките постојано доцнат, Даниела Шерман-Лазар сподели свои примери од ситуации кои ѝ се случиле кога требало да излезе од дома за да стигне некаде. Можеби во некоја од нив и самите ќе се пронајдете.

Мајка

Извини што доцнам.

Сакав да дојдам навреме, но едно од моите деца заврши на подот од бес, затоа што сакаше да јаде колачиња за појадок, а јас не му давав.

Извини што доцнам.

Сакав да дојдам навреме, но едно од моите деца имаше потреба да се искака додека излегувавме. Потоа, откако ја променив валканата пелена, моите поголеми деца почнаа да се караат кој ќе седи на кое седиште.

Извини што доцнам.

Сакав да дојдам навреме, но стигнав на училиште и сфатив дека ги заборавив нивните ранци дома, па се вратив назад. Потоа додека трчав во куќата да ги земам, моето дете падна и си го излупи коленото, па морав да му го исчистам и залепам со фластер.

Извини што доцнам.

Сакав да дојдам навреме, но бебето ми се разбуди двапати во текот на ноќта и не го слушнав алармот, се успав. Потоа, другото дете мислеше дека е смешно да се скрие и да не можам да го најдам повеќе од 10 минути.

Извини што доцнам.

Сакав да дојдам навреме, но едно од моите деца одби да си ги смени пижамите, а другото не можеше да си ги најде чевлите. Кога ги најде, тие „не му беа баш точни“.

Вистината е дека сакав да дојдам навреме и чувствувам вина што доцнам.

Но, децата се хаотични, непредвидливи и ќе направат секогаш да доцниш.

Затоа извини што доцнам, но јас сум мајка.

Tags
мајка

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.