• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Блеска во четвртата бременост: Шведската принцеза Софија со трите деца и сопругот во фотосесија за „Вог“

4 декември 2024, 08:52
  • cподели

Принцезата Софија е пресреќна со четвртата бременост на чекор од својот 40-ти роденден.

Припадничката на шведското кралско семејство, која за два дена ќе зачекори во петтата деценија од животот, е ѕвездата од насловната страница на „Вог Скандинавија“. Таа сними семејна фотосесија за најновото издание декември/јануари.

На една од фотографиите, бремената принцеза позира со сопругот Карл Филип и со трите деца, Александар, Габриел и Јулијан.

Принцезата Софија

„Не би го променила местото каде што сум. Јас сум на многу среќно место во животот“ – рекла таа во интервјуто.

За Софија, балансот е најважен во животот. Таа успешно балансира меѓу кралските должности, мајчинските обврски, хуманитарната работа и му е поддршка на сопругот.

„Навистина научив да го сакам миксот. Ми дава можност да придонесам на многу начини“ – рекла таа.

„Софија зрачи со топлина која се шири низ домот“ – рекол принцот Карл Филип.

Принцезата Софија Принцезата Софија

За фотосесијата, Софија се врати и во селото од нејзиното детство и позираше во гламурозни креации и во традиционална облека.

Принцезата Софија Принцезата Софија Принцезата Софија Принцезата Софија Принцезата Софија Принцезата Софија

Софија никогаш не си замислувала дека може да биде шведска принцеза. Таа се запознала со саканиот на тениски натпревар, а нивната врска била потврдена во јули 2010 година.

Принцезата Софија Принцезата Софија

Најнови

  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“

    Tue, 01/13/2026 - 10:03
  • „Најубавата година во мојот живот“: Ирина Дишо со слатко видео за првиот роденден на ќеркичката

    Tue, 01/13/2026 - 09:18
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.