Блејк Лајвли ужива во прегратката на Рајан Рејнолдс и покрај скандалите и судскиот спор со Џастин Балдони
Додека нејзиниот живот го тресат скандали поради судската драма со Џастин Балдони, Блејк Лајвли ужива во прегратката на својот сопруг Рајан Рејнолс.
44-годишната актерка беше фотографирана додека си разменуваше нежности и страстни бакнежи со 49-годишниот актер на натпреварот помеѓу Врексам и Челси во Велс.
Рејнолдс, кој е и косопственик на клубот Врексам, ја прегрнуваше својата сопруга додека двајцата уживаа во атмосферата на стадионот, не обрнувајќи внимание на драмата која се одвива надвор од теренот.
Заедничкото појавување на парот доаѓа во период кога Лајвли е во центарот на правна битка со Балдони, кој е режисер на филмот „It Ends With Us“, во кој глумеа заедно.

Таа во 2024 година поднесе тужба во која го обвинува за сексуално вознемирување и одмазда, барајќи најмалку 161 милион долари отштета поради наводна кампања за нарушување на нејзиниот углед.
Балдони ги негираше обвиненијата и возврати со контратужба вредна 400 милиони долари против Лајвли и Рејнолдс, која подоцна беше отфрлена. Во меѓувреме, во судските документи се спомнуваат и други познати имиња, меѓу кои и поранешната сопруга на Рејнолдс, Скарлет Јохансон, како и поранешната блиска пријателка на Лајвли, Тејлор Свифт.

Блејк и Џастин веќе имаа неуспешни преговори и не постигнаа никаков договор за решавање на судскиот спор меѓу нив. Судењето е закажано за 18 мај.
