• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Бизарно или креативно? Бремената Ли-Ен Пинок на ревија со градник кој „прска“ млеко

22 септември 2026, 12:59
  • cподели

Ли-Ен Пинок приреди несекојдневен момент на Лондонската модна недела.

34-годишната пејачка, која го очекува своето трето дете, дефилираше на ревијата на дизајнерската куќа Di Petsa со креација инспирирана од доењето и мајчинството.

Поранешната членка на Little Mix на пистата се појави во бела комбинација со широки панталони и градник кој ѝ го отскри трудничкото стомаче. Градникот имаше вградени чашки кои испуштаа течност, создавајќи впечаток на лактација за специјален сценски ефект.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Dazed (@dazed)

Од модната куќа објаснија дека креацијата е замислена како посвета на мајчинството, претворајќи еден интимен момент во дел од модниот спектакл.

Дефилирањето на Пинок на ревијата поттикна бројни коментари. Додека едни коментираа дека ова е „смешно“ и „апсурдно“, други ја пофалија заложбата на брендот за нормализирање на доењето.

За популарната музичарка ова е особено специјален период. Таа и фудбалерот Андре Греј веќе се родители на близначки, кои ги добија во 2021 година, а во јули ја објавија веста дека го очекуваат третото дете.

Пинок и Греј се венчаа во 2023 година, а пејачката во повеќе наврати има зборувано за одлуката приватниот живот на нивните деца да го држат подалеку од јавноста.

Tags
Ли-Ен Пинок

Најнови

  • Бизарно или креативно? Бремената Ли-Ен Пинок на ревија со градник кој „прска“ млеко

    Tue, 09/22/2026 - 12:59
  • Хуманитарна трка

    „Трчаме со срце“ - 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

    Tue, 09/22/2026 - 12:45
  • Уметничка инсталација на Сатја Грабул за Алкалоид

    Од фабричкиот оџак висок 34 метри до уметничко дело: Нов живот за историскиот знак на „Алкалоид“ во инсталација на Сатја Грабул

    Tue, 09/22/2026 - 12:31
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.