• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бившата на Хју Џекман зборуваше за неговото „предавство“ откако конечно поднесе документи за развод

29 мај 2025, 09:49
  • cподели

Дебора-Ли Фернес одлучи за првпат да зборува за „предавството“ на поранешниот сопруг Хју Џекман, потврдувајќи ги гласините дека тој ја изневерувал со сегашната девојка Сатон Фостер.

69-годишната актерка дури сега официјално поднесе документи за развод од 56-годишниот актер, иако тие се разделија во септември 2023 година. Поранешниот пар, кој беше во брак 27 години, немаше предбрачен договор и не можеше да постигне договор како да го подели богатството од 250 милиони долари.

Хју Џекман со сопругата Дебора Дебора-Ли Фернес

„Моето срце и моето сочувство се со сите коишто го поминале трауматичното патување на предавството. Тоа е голема рана која длабоко сече, но верувам во повисока сила и дека Бог/Универзумот, или што и да ве води, секогаш работи ЗА нас.“

„Ова верување ми помогна да се снајдам по распадот на речиси тридеценискиот брак. Преку ова искуство стекнав многу знаење и мудрост.“

„Може да боли, но на долг рок, враќањето кон себе и живеењето во рамките на сопствените вредности, интегритет и граници е ослободување и слобода.“

„Едно нешто што научив е дека ништо од ова не е лично. Сите сме на свои индивидуални патувања и верувам дека врските во нашите животи не се случајни. Нè привлекуваат луѓе и ги пуштаме внатре за да ги научиме нашите лекции и да ги излекуваме скршените делови во нас... Останувам благодарна“ – изјавила таа за Daily Mail.

Дебора-Ли Фернес

Хју ја запозна Дебора за време на снимањето на ТВ шоу во Австралија. Тие стапија во брак на 11 април 1996 година. По два спонтани абортуси, парот посвои две деца – Оскар и Ава.

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес

Славниот актер повеќе не ја крие врската со Сатон, која му беше колешка во мјузиклот „The Music Man“ и заедно настапуваа една година, што доведе до нивно зближување. И двајцата беа во брак на почетокот на нивните претстави во 2022 година.

Хју Џекман

Фановите шпекулираат дека имало афера меѓу нив која довела до распад на нивните бракови. Тие постојано споделуваат фотографии од нивната блискост за време на настапите и свеченостите.

Хју Џекман Хју Џекман Хју Џекман

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.