• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Бимилк со донација го одбележа Светскиот ден на млекото

1 јуни 2016, 12:18
  • cподели

Бимилк го одбележа 1 јуни, Светскиот ден на млекото, со донација на 3.000 литри Битолско млеко за децата кои се под грижа на хуманитарната организација СОС Детско село Македонија.

Оваа количина млеко, коjа ги задоволува дневните потреби за млеко на 60 деца згрижени во семејствата во СОС Детско село, ќе биде испорачана во текот на една година, а првата испорака е веќе направена.

Бимилк

Хуманиот гест е поддршка на една од најранливите општествени групи во Македонија, децата без родители и децата кои живеат во социјално загрозени семејства.

„Светскиот ден на млекото е одличен повод за да ја објавиме соработката со СОС Детско село. Како општествено одговорна компанија постојано се стремиме да го поддржиме и разубавиме секојдневието на дечињата на кои им е секогаш потребна помош. Со нашата донација децата добиваат еден од основните продукти за здрав и правилен раст и развој, а нивните насмевки се наша радост и дополнителна мотивација” – изјави Полексена Ристеска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Бимилк

„Нашето функционирање се обезбедува благодарение на донации од пријатели и поддржувачи на СОС Детско село. Секоја донација претставува придонес кон семејниот буџет и е од голема важност за подобрување на квалитетот на живеење на децата од СОС Детско село Скопје.“

„Донацијата на Бимилк е добредојдена за остварување на еден многу важен и основен сегмент од исхраната на овие деца и млади луѓе, потребата од млеко и млечни производи. Доброто млеко е основа за одлично здравје на младите, тоа игра важна улога во здравиот развој и затоа сум сигурна дека со квалитетот на млекото од оваа донација на пријателите од Бимилк ќе се придонесе за подобро здравје, а со тоа и голем број среќни насмевки“ – изјави Виолета Георгиевска, Директор на СОС Детското село Скопје.

Традиционално повеќе години по ред, Бимилк како општествено одговорна компанија го одбележува Светскот ден на млекото со донации на своите производи на оние на кои им се најпотребни.

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.