Били Ајлиш во солзи „се сруши“ на сцената откако Хејли Бибер ја „турна“ за Џастин да ѝ пее на Коачела
Џастин Бибер со поларизирачки настапи привлекуваше внимание на Коачела. Додека некои го критикуваа неговиот лежерен пристап кон сценографијата и самите изведби, на многумина им се допадна минималистичкиот стил.
Еден од најкоментираните моменти за време на концертот викендов, беше неговиот гест кон Били Ајлиш. Имено, кога славниот пејач ја изведуваше „One Less Lonely Girl“, неговата сопруга Хејли буквално ја „турна“ возбудената Ајлиш на сцената.
За Били, која е долгогодишна супер-обожавателка на Бибер, ова беше враќање во минатото кога живееше во соба со постери од Џастин и остварување на најголемиот сон.
Џастин ја гушкаше и ѝ пееше, а популарната пејачка не можеше да се соземе од среќа.
@nssmagazine Billie Eilish fangirling over Justin Bieber >>> #billieeilish #coachella2026 #justinbieber #onelesslonelygirl #bieberchella ♬ audio originale - nss magazine
По настапот, нејзината мајка, видно возбудена, сподели порака која ги стопли срцата на фановите:
„Еден од најтрогателните моменти некогаш. Звучи лудо, но ги гледаме нашите деца како развиваат длабоки врски со артисти кои допираат до нив и вообичаено немаме моќ да направиме нешто. Но, им купуваме албуми и можеби ќе им купиме билет за концерт (или во нашиот случај, кино-проекција од концерт, бидејќи не можевме да си дозволиме да одиме на вистински концерт). Гледајќи како по толку години се остварува овој луд, незамислив сон е навистина неверојатно. Премногу сум му благодарна на Џастин Бибер за добрината што ѝ ја покажа на Били и на целото наше семејство, како и на Хејли која прави толку многу работи да бидат прекрасни и возможни.“
Самата Били на Инстаграм објави селфи со насолзени очи и краток опис: „Не можам да престанам да плачам“.