• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бил Гејтс призна дека ја изневери бившата сопруга Мелинда со две Русинки, се извини за поврзаноста со Епстин

26 февруари 2026, 14:18
  • cподели

Бил Гејтс призна дека ја изневерувал својата поранешна сопруга Мелинда и им се извини на вработените во фондацијата за поврзаноста со покојниот педофил Епстин.

На интерен состанок со вработените во својата фондација, основачот на Microsoft потврдил дека имал две вонбрачни врски со руски државјанки додека бил во брак, но негираше каква било поврзаност со жртвите на Епстин, кој почина во затворска ќелија во 2019 година, додека го чекаше судењето за трговија со малолетнички за сексуална експлоатација.

„Имав афери. Една со руска бриџ-играчка која ја запознав на бриџ-настани и една со руска нуклеарна физичарка со која се сретнав преку деловни активности“ – изјавил тој.

„Не направив ништо незаконско. Не видов ништо незаконско. Да разјаснам, никогаш не сум поминал време со жртвите“ – изјавил Гејтс на средбата со вработените.

Милијардерот призна дека било „огромна грешка“ што одржувал контакти со Епстин.

„Им се извинувам на другите луѓе кои беа вовлечени во ова поради грешката која ја направив“ – рекол тој.

Бил и Епстин се запознале во 2011 година, три години откако педофилот се изјасни за виновен за подведување малолетничка на проституција. Контактите траеле до 2014 година. 

Гејтс истакнал дека неговата поранешна сопруга изразила загриженост за контактите со Епстин уште во 2013.

Случајот фрли сенка врз работата на фондацијата, особено затоа што станува збор за организација чија работа во голема мера зависи од јавната доверба и репутација.

Во неиспратените мејлови на Епстин било наведено и дека Гејтс наводно добил сексуално пренослива болест од Русинки, па се обидел да најде антибиотици за да ѝ ги подметне на неговата тогашна сопруга Мелинда, со цел да ја прикрие инфекцијата.

Бил и Мелинда се разведоа во мај 2021 година по 27 години брак.

Tags
Бил Гејтс

Најнови

  • Весна Алексовска

    „Коските ми пукаа дури и од обично гушкање“: Весна Алексовска искрено за животот со ретка болест

    Thu, 02/26/2026 - 15:00
  • Бил Гејтс призна дека ја изневери бившата сопруга Мелинда со две Русинки, се извини за поврзаноста со Епстин

    Thu, 02/26/2026 - 14:18
  • Проекција на „Мајка“

    Ексклузивна проекција на „Мајка“ во организација на A1 Македонија

    Thu, 02/26/2026 - 13:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.