• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Невидена тага“: Мелинда се огласи по обвинувањата дека Бил Гејтс се заразил со сексуално пренослива болест од Русинка и барал антибиотици за тајно да ѝ ги подметне

5 февруари 2026, 14:00
  • cподели

Во најновата серија документи објавени од Министерството за правда на САД, во рамките на истрагите поврзани со покојниот педофил Џефри Епстин, се појавија обвиненија за Бил Гејтс кои ја разбрануваа светската јавност.

Имено, во неиспратени мејлови било наведено дека Гејтс наводно добил сексуално пренослива болест од девојки од Русија. Потоа, познатиот милијардер се обидел да најде антибиотици за да ѝ ги подметне на неговата тогашна сопруга Мелинда, со цел да ја прикрие инфекцијата.

Џефри Епстин и Бил Гејтс
Џефри Епстин и Бил Гејтс
Џефри Епстин и Бил Гејтс со двајца познаници
Бил Гејтс

Бил веднаш реагираше и изјави дека тврдењата се лажни и доаѓаат од фрустрацијата на Епстин да одржи пријателство со него. Тој изрази жалење што поминувал време со контроверзниот финансиер, но вели дека никогаш не бил на островот и никогаш не се среќавал со жени поврзани со Епстин.

„Јас сум еден од многуте луѓе кои жалат што го познавале. Очигледно Џефри си напиша e-mail себеси. Тој e-mail е лажен“ – е категоричен Бил.

Во меѓувреме, неговата поранешна сопруга Мелинда гостуваше во подкастот „Wild Card“ каде беше запрашана како се чувствува по овие вести кои кружат во светските медиуми.

Мелинда Гејтс

Тажно. Чувствувам невидена тага. Барем јас можев да продолжам во животот. Се надевам ќе има правда за тие жени. Она низ што поминаа тие е незамисливо...

Ниту една девојка, ниту една не треба да биде ставена во ситуација во каква што беа ставени тие девојки од Епстин и луѓето околу него. Ми се крши срцето. Се сеќавам на времето кога јас бев на таа возраст, се сеќавам на моите ќерки кога беа на таа возраст, па за мене е посебно тешко кога и да излезат такви детали, бидејќи ми враќа спомени од болни времиња во бракот. Но, го надминав тоа. Умислено го оттурнав од себе сето тоа и продолжив.

Прашањата кои произлегуваат се за тие луѓе, па и за мојот поранешен сопруг. Тие треба да одговараат за тоа, не јас. И многу сум среќна што сум далеку од таа „тиња“.

Мелинда со ќерката Џен
Мелинда со ќерката Џен

Мелинда и Бил се разведоа во 2021 година, а непосредно по разделбата стана јасно дека тој имал афера со вработена во „Мајкрософт“.

Tags
Мелинда Гејтс
Бил Гејтс

Најнови

  • Научни истражувања: Алтернативите без чад не влијаат врз квалитетот на воздухот во затворени простории

    Thu, 02/05/2026 - 14:58
  • Мелинда Гејтс

    „Невидена тага“: Мелинда се огласи по обвинувањата дека Бил Гејтс се заразил со сексуално пренослива болест од Русинка и барал антибиотици за тајно да ѝ ги подметне

    Thu, 02/05/2026 - 14:00
  • Многу хумор и балкански темперамент: Трејлерот за филмот „Свадба“ кој стана хит на Балканот

    Thu, 02/05/2026 - 12:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.