Чувствителниот бик е управуван од Венера, планетата на љубовта и убавината. Ако сте родени во овој знак, тогаш вие ја обожавате добрата храна, романтиката и убавите работи. Венера ги изострува вашите пет сетила на повисоко ниво, па најсреќни сте кога сте опкружени со најдоброто - сатенски чаршафи, гурмански вечери, чаша црвено вино. Вие сте многу чувствителни и се насладувате на животот и на физичките задоволства кои излегуваат на вашиот пат.
Како бикот и вие работите многу напорно и сте најупорниот знак во хороскопот. Функционирате со две брзини - или целосно сте релаксирани или „со главата напред“ се стремите кон целта.
Бикот е знак спротивен на шкорпијата. Шкорпијата сака да ги наследува придобивките на другите, а бикот најмногу ги цени личните придобивки. Најнегативна ваша карактеристика е вашата склоност да ги поседувате најлуксузните предмети. Тоа може да ве доведе до крајности, особено кога ќе решите дека некој предмет треба да биде ваш, што ве прави материјалисти во очите на другите.
Како претставник на земните знаци ги обожавате дејностите на отворено. Силни и мускулести – вие сакате да си ја покажувате силата. Во љубовта сте многу романтични, верни, но и многу љубоморни. Секогаш знаете што сакате и ништо не може да ве спречи да ја остварите вашата цел. Се придржувате до вашите погледи и не ги менувате освен ако нема доволно добра причина за тоа.
Знаете да бидете тврдоглави, но позитивна страна е тоа што сте лојална личност на којa може секој да се потпре. Само внимавајте да не заглавите засекогаш во вашата сигурна зона и вашиот живот да започне да стагнира. Ризикувајте и пробајте нешто ново! Понекогаш промената и ризикот можат да го доведат прогресот и добивката кои ги посакувате.
Симбол:
Бик
Симболизира:
Силата на волјата, тврдост, стабилност, издржливост, чувствителност, конкретност, музика.
Елемент:
Земја
Планета:
Венера - планетата на убавината и љубовта.
Ден од седмицата:
Петок
Боја:
Зелена и сина.
Број:
2 и 6.
Скапоцени камења:
Аквамарин, смарагд.
Најдобри професии:
Пејачи, музичари, оратори, администратори, сметководители, градинари, еколози, ветеринари, економисти, банкари.
За да се спријателите со нив:
Не се спротивставувајте на нивните идеи! Често канете ги на некое место да јадете заедно.
Дел од телото:
Врат, грло, вилица.
Добри карактеристики:
Трпеливи, практични, внимателни со парите, одговорни, организирани, романтични, внимателни, посветени, грижливи, секогаш подготвени да дадат морална поддршка, добри кулинари.
Лоши карактеристики:
Премногу попустливи, инаетчии, бавни, мрзеливи, тврдоглави, суетни, премногу претпазливи, евтини, завидливи, љубоморни, материјалисти.
Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Длабоки и сентиментални очи; долг и елегантен врат; карактеристична вилица.
Омилени работи:
Фотографирање, планини, добра музика, добра храна, сатенски чаршафи.
Работи кои ги мразат:
Хотели, утра, валкани работи, да бидат избрзувани, бесцелно трошење пари.
Можете да ги најдете:
Споредувајќи ги цените при купување на луксузни работи; пеејќи во бенд или хор; работејќи три работи едновремено; изложувајќи слики во уметничка галерија.
Скриена желба:
Да го поседуваат најдоброто!