• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Безбедни ли ни се децата?“: Доктор Данаиловски со важни совети по сомнежот за труење со храна во скопско училиште

27 ноември 2025, 09:22
  • cподели

Веста дека има сомнежи за труењето со храна во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје вчера предизвика паника и страв кај родителите. Многу од нив се запрашаа „Безбедни ли ни се децата?“.

За да ја смири и подобро информира јавноста, епидемиологот Драган Данаиловски се огласи на Facebook со важен текст за здравјето на децата.

Тој ги наведе најчестите причини за нагло повраќање кај децата и напиша насоки како треба да се постапува во вакви ситуации. Еве го неговиот текст:

САМО ТРПЕНИЕ!

Последниве ден-два сите малку повеќе размислуваме за здравјето на децата. Секој родител веднаш се загрижува кога ќе слушне дека поголема група ученици добиле стомачни симптоми — повраќање, болки во стомакот, дијареја.

Тоа е природна, човечка реакција. Сите ние, како родители, дедовци, баби, наставници или лекари, не можеме да не се прашаме: „Безбедни ли ни се децата?“.

Во вакви моменти, важно е да имаме јасни, смирени и проверени информации. Затоа, овој текст го пишувам со една цел: да објаснам што воопшто претставуваат цревните инфекции кај децата, колку се чести, кои се нивните најчести причинители — и што навистина треба да правиме дома кога дете ќе добие вакви симптоми.

Малите деца имаат „жив“ имунитет кој сè уште учи. Поради тоа, многу полесно „фаќаат“ вируси и бактерии што кај возрасните можеби дури и не предизвикуваат симптоми.

Најчести причини за нагло повраќање и дијареја кај децата се:

  • норовирус – многу заразен, брзо се шири
  • ротавирус – почест кај помалите деца
  • бактерии (Salmonella, Campylobacter, токсин на Staphylococcus aureus и др.) - пореткохрана што е
  • подготвена или складирана на несоодветен начин
  • вода – поретко, но можно
  • контактно ширење во колектив: едно дете заразува друго.

Тоа што се појавиле повеќе случаи во краток временски период не значи нужно сериозна закана — туку најчесто укажува на заедничка изложеност, што е типично за колективи во училиштата и градинките.

Типичните симптоми кај децата се:

  • нагло појавено гадење и повраќање
  • болки во стомакот
  • дијареја (пролив)
  • повремено покачена температура
  • малаксалост, поспаност.

Овие симптоми најчесто траат 1 до 3 дена, иако понекогаш дијарејата може да потрае и малку подолго.

Најважно е да се следи хидратацијата! Децата, особено малите, брзо губат течности. Тоа е главната причина зошто внесот на вода, чај или електролитни раствори е многу поважно од било која терапија.

Сепак, во следниве ситуации треба да се побара лекарска помош:

  • ако детето не може да задржи никаква течност
  • ако има знаци на дехидратација (сува уста, ретко мокрење, летаргија)
  • ако има крв во столица
  • ако се јави висока температура што не се симнува
  • ако детето е под 3 години и делува многу исцрпено
  • ако настане влошување наместо подобрување по 24–48 часа.

Во најголем број случаи, домашна нега е сосема доволна.

Совети за родителите:

  • давајте му на детето почесто течности голтка по голтка
  • електролитни раствори се златен стандард
  • избегнувајте газирани пијалаци
  • избегнувајте „тешка“ храна додека симптомите не стивнат
  • не давајте антибиотици на своја рака (во 90% од случаите не помагаат)
  • миење раце – најмоќна мерка.

Многу е важно да се разбере дека ваквите инфекции се дел од нормалните инфекции што секој организам ги поминува.

Уште поважно е: Децата не се виновни!

Кога ќе се појави зголемен број деца со исти симптоми, тимовите (епидемиолозите) од јавноздравствените институции веднаш почнуваат систематска работа:

  • прибирање податоци (епидемиолошки анкети)
  • анализа на симптомите и временската линија на појавата на случаите
  • проверка на можни изложености
  • лабораториски анализи на храна, вода и брисеви од околината
  • утврдување на веројатна причина
  • препораки за сузбивање и спречување.

Понекогаш јавноста сака одговор веднаш — што е разбирливо.

Но, епидемиолошкото истражување не смее да се прави набрзина, ниту смее да се заснова на претпоставки. Важно е да не се извлекуваат заклучоци пред да ги имаме фактите.

Зашто, причината може да биде вирусна, бактериска, од храна, од вода – или сосема нешто трето.

Тоа може да го покаже само лабораторија.

Она што е сигурно е дека институциите се веќе на терен и работат.

Како епидемиолог, но и како родител, ја разбирам загриженоста. Но исто така знам дека:

  • цревните инфекции кај децата се многу чести
  • најголемиот дел минуваат брзо
  • медицината има одлични механизми да ги следи и спречи
  • нашите институции имаат долгогодишно искуство со вакви ситуации.

Затоа, само трпение!

Tags
труење со храна

Најнови

  • Кралска елеганција: Летиција во црна креација и тијара од Картие на гала-вечера

    Thu, 11/27/2025 - 11:55
  • Антониа Гиговска атрактивна во син проѕирен фустан покрај сопругот Роберт на настан во Скопје

    Thu, 11/27/2025 - 10:14
  • „Безбедни ли ни се децата?“: Доктор Данаиловски со важни совети по сомнежот за труење со храна во скопско училиште

    Thu, 11/27/2025 - 09:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.