Без венчаница и во дневната соба: Џорџина се омажи за Роналдо во бела кошула во нивниот дом покрај децата
Џорџина Родригез и Кристијано Роналдо ја крунисаа долгогодишната љубов со брак.
Еден од најпознатите парови во светот се венча без свадбена помпа типична за славните личности. Без стотици гости, грандиозна локација и раскошна венчаница, Џорџина и Кристијано ги разменија брачните завети во дневната соба на нивниот нов дом во Кашкаиш, Португалија, опкружени со нивните деца.
За интимната церемонија, 32-годишниот модел се откажа од традиционална венчаница и избра минималистички бел стајлинг со кошула и тесно здолниште од Gucci. Нејзината свадбена облека имаше и симболично значење. Всушност, токму во продавница на Gucci во Мадрид започна љубовната приказна на парот.
И датумот на свадбата не беше случајност. Роналдо и Џорџина се венчаа на 11 август, точно на 10-годишнината од денот кога првпат се сретнаа. Имено, на 11 август 2016 година, фудбалерот влегол во бутикот во кој работела Џорџина, која тој ден не била на редовна смена, туку заменувала колешка.
„Тоа е судбина“ – вели таа денес за случајноста која засекогаш ѝ го промени животот.
Во интервју за „модната библија“, Џорџина призна дека замислата за совршена свадба со текот на годините целосно ѝ се променила:
„Кога бев мало девојче, сонував за најголемиот замок, најголемата кочија, најдолгиот фустан, круна полна со дијаманти. А сега велам: не. Сакам нешто интимно, дома, со мојот партнер и нашите деца. Затоа што замоци, куќи, острови, коњи, автомобили – сето тоа ни е на дофат секој ден. Но, нешто интимно – тоа е понеобично за нас.“
Токму затоа ја избрале дневната соба.
„Одлучивме да го направиме тоа овде, во дневната соба на нашиот дом. Тука појадуваме, ручаме и вечераме и тука го живееме нашиот вистински, секојдневен живот. Сакам по 30 години децата да помислат: ‘Нешто прекрасно се случи на оваа маса – нашите родители токму тука ги разменија брачните завети’“ – рекла таа, на што Роналдо возвратил:
„Веројатно нема да биде истата маса. Можеби ќе го смениме ентериерот.“
По домашната церемонија, семејството се упатило кон светилиштето Фатима. Таму добиле благослов од свештеник и присуствувале на миса во приватност.
За младенците немаше ниту класичен меден месец. Веќе следниот ден, морале да отпатуваат за Ријад поради професионалните обврски на фудбалерот.
„Секој ден е меден месец“ – се пошегувал Роналдо.
Ден по свадбата, Џорџина сподели:
„Беше токму онака како што замислував. Интимно, исполнето со љубов и со нашето семејство во најважната главна улога. Не можев да ги задржам солзите.“
Посетата на Фатима дополнително го засилила емотивниот карактер на денот. Во капелата почувствувала мир и енергија кои тешко можат да се опишат со зборови:
„Не ми требаше ништо повеќе: мојот сопруг, моите деца, нашиот дом, нашата вера и нашата љубов.“
Во рамките на репортажата на Вог, парот беше фотографиран за време на тренинг пред свадбата, а Родригез сними и фотосесија со скапоцен накит од колекцијата „Garden of Kalahari“ на Chopard.