• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Без моето убиено дете немам роденден, јас сум жив мртовец“: Потресна објава на мајката на Ивона која загина во „Пулс“

19 мај 2026, 10:44
  • cподели

Поминаа 14 месеци од трагедијата во Кочани, кога избувна пожар во дискотеката „Пулс“ и го одзеде животот на 63 млади лица.

Мајката на Ивона Антова, чиј живот згасна на само 21 година, постојано споделува трогателни објави кои допираат до срцето на секој кој ќе ги прочита. 

Стојка, на која Ивона ѝ беше единствено дете, расплака многумина со текстот кој го објави на својот роденден, на кој истовремено се навршуваа 14 месеци од смртта на нејзиното чедо. На денот кој некогаш бил симбол на радост и семејна среќа, сега останаа само спомени, болка и непребол.

Еве го нејзиниот текст и фотографиите од Ивона:

14 месеци без тебе мило мое🖤😭

16…
Датумот што некогаш беше најсреќниот ден за мене, за моите родители, за нашето мало, скромно, а пресреќно семејство…

Денот кога со радост го чекав утрото и прегратката од моето единствено дете.
„Мамичке, среќен роденден“ — зборови што ми ја полнеа душата.
Прегратка толку силна, толку полна со љубов, што мислев дека мојата мала, мила ќеркичка ќе ме скрши од гушкање.

Заедно го пиевме утринското кафе, заедно се смеевме, ме изненадуваше со поклонче, со торта, со внимание какво што само едно дете полно со љубов знае да даде.

И цел ден се радувавме… што сум станала година постара, што уште една година сме ја проживеале заедно.

Но… проклетиот 16 ми го уби животот.
Денот што беше симбол на среќа, стана најмрачната дата за една мајка.
Денот кога ми го убија единственото чедо.

Не од болест… не од судбина што тивко предупредувала…
Туку поради пари, мито, корупција, нечовечност.
На тој проклет 16 престана мојот живот.
Душата ми замре.

Срцето само механички чука, од ден за ден, само за да можам да отидам и да запалам свеќичка на мојата убавица.
Јас повеќе немам роденден.
Еве втора година… втор роденден без тебе, чедо мое.

Денот кога сум родена, а јас без мојата душа не постојам.
Без моето срце немам ништо.
Без моето убиено дете јас сум жив мртовец.
🖤😭

Ivona Antova 🪽🖤😭♾️😭😭😭😭😭

Tags
Стојка Антова

Најнови

  • „Без моето убиено дете немам роденден, јас сум жив мртовец“: Потресна објава на мајката на Ивона која загина во „Пулс“

    Tue, 05/19/2026 - 10:44
  • Игор Џамбазов возврати на навреди упатени до Илина Арсова: „Идиоте еден, од каде знаеш ти каква мака има? Можеби не може да има деца“

    Tue, 05/19/2026 - 09:40
  • Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит дипломираше, се откажа од презимето на татко ѝ

    Tue, 05/19/2026 - 09:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.