• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Без грижи, без каење, со многу позитивност“: Најстарата личност на светот го прослави 117-тиот роденден

6 март 2024, 08:36
  • cподели

Марија Брањас Морера наполни 117 години.

Најстарата личност на светот, која е родена на 4 март 1907 година, го прослави својот роденден во дом за стари лица во Шпанија. Марија живее таму 23 години.

Марија Брањас Морера Марија Брањас Морера

Морера ја доби титулата Најстара личност на Земјата од страна на Гинисовата книга на рекорди во јануари 2023 година.

„Многу е благодарна за сите примени честитки и интересот кој толку многу луѓе го покажаа за нејзиното здравје. Среќна е што можеше да го слави овој специјален ден во интимна атмосфера со семејството и колегите и им посакува на сите среќен понеделник“ – изјави Ева Карера, директорка на домот каде што живее Марија.

Марија Брањас Морера Марија Брањас Морера

Бидејќи многумина се интересираат за нејзиното здравје, од домот за стари лица известија дека Марија има потешкотии со слушањето и движењето, но дека нема никакви други физички или ментални здравствени проблеми. Таа се согласила да помине низ научни тестирања со надеж дека ќе помогне во откривањето на тајната на долговечноста.

Научниците сметаат дека нејзината долговечност се должи пред сè на генетиката, бидејќи неколку членови од нејзиното семејство се постари од 90 години.

Покрај генетиката, Марија смета дека нејзината долговечност се должи на тоа што живее во: „ред, спокојство, добра врска со семејството и пријателите, контакт со природата, емоционална стабилност, отсуството на грижи и каење, многу позитивност и држење подалеку од токсични луѓе“.

Марија Брањас Морера Марија Брањас Морера Марија Брањас Морера

Во 2020 година, Марија стана најстарата личност која се излекува од КОВИД-19.

Марија Брањас Морера Марија Брањас Морера

Најнови

  • Монтре, Женева, Гештад... Елена Најдоски од „Живот со стил“ со сопругот ужива во Швајцарија

    Sun, 01/11/2026 - 23:00
  • Зоран Кардула

    „Ерато ни отвори еден нов свет во кој нема злоба, нема лаги“: Зоран Кардула отворено за аутизмот на ќерката и специјалната елка

    Sat, 01/10/2026 - 19:15
  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.