• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Барбара Палвин на црвениот тепих во Кан откри дека е бремена 8 месеци по операцијата од ендометриоза

15 мај 2026, 11:44
  • cподели

Осум месеци откако јавно проговори за борбата со ендометриозата и операцијата низ која помина, Барбара Палвин откри дека го очекува првото дете со сопругот Дилан Спраус.

Среќната вест парот ја сподели на црвениот тепих на 79-тото издание на Канскиот филмски фестивал. 32-годишната манекенка блесна во светлосин фустан со пердувести детали од Miu Miu и нежно си го галеше трудничкото стомаче додека позираше со 33-годишниот актер.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by RED CARPET VIDEOGRAPHER | CANNES FILM FESTIVAL (@cyril_guillemin)

Пред осум месеци Барбара сподели дека се оперирала поради ендометриоза, болест со која тивко се борела со години. Во описот на фотографиите од болнички кревет таа искрено зборуваше за силните болки, заморот, нередовните циклуси и непроспиените ноќи кои долго време ги сметала за „нормални“.

„Мислев дека едноставно така функционира моето тело“ – напиша Барбара и откри дека дури по консултација со специјалист дознала дека има ендометриоза.

Сега, наместо болнички фотографии, Барбара и Дилан споделуваат насмевки од Кан и радосни вести за новото животно поглавје кое ги очекува.

Ѕвездата од серијата „The Suite Life of Zack and Cody“ и унгарската манекенка се запознаа на забава во 2017 година, а врската ја започнаа во 2018. Во јули 2023 година направија романтична свадба во Унгарија.

Tags
Барбара Палвин
Дилан Спраус

Најнови

  • Тамара Калиниќ

    Српската блогерка Тамара Калиниќ беспрекорно елегантна на црвениот тепих во Кан

    Fri, 05/15/2026 - 13:23
  • Барбара Палвин на црвениот тепих во Кан откри дека е бремена 8 месеци по операцијата од ендометриоза

    Fri, 05/15/2026 - 11:44
  • Албанија, Бугарија, Австралија... Настапите на вторите 10 финалисти на Евровизија 2026

    Fri, 05/15/2026 - 10:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.