Анѓелка Прпиќ е лудо вљубена во сопругот Марко Жугиќ.
Популарната српска актерка му го честиташе роденденот на саканиот со серија романтични фотографии на кои двајцата си разменуваат нежности и страсни бакнежи.
„На мојот дечко му е роденден 🎊🎉🤍🥰🎁🥰🎁🎉🤍🥰🎊“ – напиша Анѓелка во описот на објавата.
Анѓелка и Марко се познаваат со години, а нивната љубовна приказна привлече големо внимание, бидејќи Марко некогаш бил близок пријател со нејзиниот поранешен сопруг. И покрај бројните коментари во јавноста, тие останаа посветени еден на друг.
Во мај 2023 година ја добија ќерката Чарна, а четири месеци подоцна, се венчаа далеку од очите на јавноста. Актерката од претходниот брак го има и синот Јакша.
Во едно неодамнешно интервју, Анѓелка откри дека не планирала повторно да стане мајка, но сè се променило кога ја пронашла личноста со која сакала целосно да го сподели животот.
„Мислев дека нема повеќе да раѓам, а потоа се заљубив. Кога сфатив дека со него сакам да имам дете, тогаш знаев дека тоа е вистинската одлука“ – изјавила актерката.