• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Avon со новиот течен кармин Mark ги следи потребите на модерните жени

20 октомври 2017, 12:50
  • cподели

Следејќи ја мисијата постојано да ја подобрува и збогатува палетата на производи со цел да ги задоволи барањата на своите корисници, во Кампања 15 компанијата Avon ги промовира новиот течен кармин MARK и ротацискиот ноќен крем-третман против брчки Anew Infinite Reversalist. Станува збор за два производи кои се дизајнирани според потребите и желбите на модерните жени чиј живот е сè подинамичен и бара козметички и декоративни решенија кои делуваат брзо и ефективно.

Најсилните страни на течниот кармин MARK е фактот дека трае со часови без да ги суши усните благодарение на гел-подлогата, целосно ги покрива усните со интензивна боја и притоа се добива максимална прецизност без размачкување. Ротацискиот ноќен крем-третман Anew Infinite Reversalist е моќен третман кој ги измазнува брчките на лицето, ја подмладува кожата и го изедначува тенот.

Avon

Течниот кармин Mark е достапен во мат и сјајна формула, а девојките имаат избор од 20 различни нијанси, по 10 од секоја формула. Една од најспецифичните иновации врзани за течниот кармин MARKе апликаторот во форма на дијамант со кој веднаш, дури и на краевите од усните, карминот се нанесува брзо и лесно. Формулата на течниот кармин е богата со пигмент што дава интензивна и долготрајна боја на вашите усни, а самите усни добиваат јасна дефиниција.

Avon

„MARK е колекција наменета за девојки и жени кои сакаат да експериментираат со бои и не се плашат да ги покажат своите предности. Со оглед на тоа дека денешниот живот станува побрз, на жените им се потребни решенија и производи кои се долготрајни и овозможуваат лесно нанесување. Токму тоа беше целта при креирањето на течните кармини Mark. Лесни се за аплицирање и траат со часови, а притоа и нема да се избришат при првиот пијалок или оброк“ – посочуваат од канцеларијата на Avon во Македонија.

Ноќниот крем-третман Anew Infinite Reversalist по една недела користење значително ја потхранува кожата со формулата PHYTOL+ и ја подготвува за активна обнова во текот на втората недела, преку примена на втората формула со Super Retinol. Овој револуционерен концепт една година бил на клинички тестирања и унапредување на формулата за на крај да се добие идеалниот производ кој дава видливи резултати кои постојано напредуваат.

Avon

„Производот е составен од 2 ноќни кремови кои се употребуваат наизменично на секои 7 дена и со самото тоа помагаат кожата постојано да реагира на дејството на активните состојки. Докажано е дека овој пристап е многу поефективен отколку употребата само на ретинол. Нивото на колаген се зголемува, а резултатите се засилуваат по секој изминат месец па сè до една година“ - велат од канцеларијата на Avon во Македонија.

Avon

Течните кармини Mark и ротацискиот ноќен крем-третман Anew Infinite Reversalist веќе се достапни и во Македонија преку претставничката мрежа на AVON и може да се нарачаат од новата Брошура 15 која е достапна за разгледување на www.avoncosmetics.com.mk

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.