• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Авицена Лабораторија: Пренаталните тестови повеќе не се луксуз - стануваат достапни за секоја жена

7 мај 2026, 14:07
  • cподели
Авицена Лабораторија

Во време кога информираноста и превенцијата се клучни за здравјето на мајката и бебето, Авицена Лабораторија прави значаен чекор напред во унапредување на достапноста на современата пренатална дијагностика. Со воведувањето на NIFTY неинвазивниот пренатален тест по промотивни цени, лабораторијата испраќа јасна порака: секоја жена заслужува мирна и информирана бременост.

NIFTY тестот претставува безбеден, едноставен и високо прецизен метод за проценка на ризик од најчестите хромозомски аномалии, вклучувајќи Даунов, Едвардсов и Патау синдром, како и анеуплоидии на половите хромозоми и дополнителни генетски состојби. Со точност поголема од 99%, овој тест е веќе широко применуван во светот, со над 16 милиони направени анализи.

Она што го прави овој чекор особено значаен е пристапот на Авицена Лабораторија, пренаталната грижа не се третира како привилегија, туку како основна потреба. Со поставување најповолни цени на пазарот, лабораторијата овозможува поголем број жени да добијат пристап до врвна генетска анализа, без финансиски бариери.

Тестот е достапен во повеќе пакети, прилагодени на различни потреби, а цените започнуваат од 19.900 денари - значително пониско од вообичаените пазарни услови. На овој начин, Авицена Лабораторија активно придонесува кон намалување на нееднаквоста во пристапот до здравствени услуги и ги поддржува идните мајки да донесуваат информирани одлуки.

Дополнително, NIFTY тестот е целосно неинвазивен, се изведува преку едноставен примерок од венска крв од мајката, без ризик за бременоста, а резултатите се добиваат во рок од 7 работни дена.
Со оваа иницијатива, Авицена Лабораторија не само што го следи светскиот тренд во медицинската дијагностика, туку и поставува нови стандарди во локалниот здравствен систем - каде грижата за пациентот, достапноста и општествената одговорност одат рака под рака.

За повеќе информации и закажување, пациентите можат да се обратат во најблиската локација на Авицена Лабораторија или да го контактираат центарот за корисници 02 3179 001.

Tags
Авицена лабораторија

Најнови

  • Гламурозни и елегантни: Гостите на доделувањето на Lazarov Awards во Скопје

    Thu, 06/04/2026 - 18:55
  • Aurelia

    Aurelia го претстави новото поглавје од својата beauty приказна на ексклузивното „Aurelication“ во Грција

    Thu, 06/04/2026 - 14:24
  • Young Dadi

    Помеѓу првите стихови и големата сцена: Young Dadi со прв солистички концерт

    Thu, 06/04/2026 - 14:12
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.