• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Авалон најавува: И Брајан Адамс доаѓа во Скопје

5 јуни 2019, 09:40
  • cподели

Авалон Продукција најавија концерт на уште една светска ѕвезда. Брајан Адамс оваа година доаѓа во Скопје.

59-годишниот пејач ќе одржи свое музичко шоу на 13 ноември во ВИП Арена.

Брајан Адамс

Драги пријатели,

Неверојатно задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила.

После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови, а истовремено и големи песни- BRYAN ADAMS!

На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат "Run to you”, “Summer of ‘69”, “Heaven”, “Please forgive me”, “Everything I do (I Do For You)”, “Have You Ever Really Loved a Woman” и многу други.

BRYAN ADAMS доаѓа во Скопје во рамки на големата светска “Shine a light” турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер, во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10- ти јуни во 9 часот наутро.

Bryan Adams во живо со неговиот бенд е нешто што мора да го доживеете!

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

Tags
Брајан Адамс

Најнови

  • Зимска бајка сред Македонија: Стадо елени прошета низ снежната Галичица, освои многу срца

    Mon, 01/12/2026 - 10:29
  • Не отстапува од центарот на вниманието ниту на 56 години: Џенифер Лопез како сирена на Златен глобус

    Mon, 01/12/2026 - 09:44
  • Џенифер Лоренс

    Џенифер Лоренс ја истакна атрактивната фигура во проѕирен фустан на Златен глобус

    Mon, 01/12/2026 - 09:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.