Алмедина и Арбенита Исмајли се впуштија во сестринска авантура.
Популарната македонска новинарка и нејзината сестра ги посетија Сен Тропе и Монако и споделија албум на социјалните мрежи.
Атрактивните убавици, кои се родени во Куманово, изгледаат фантастично на фотографиите на кои позираат во модерни стајлинзи и со коктели во рацете.
Алмедина, која работи во телевизијата ТВ21, претходно сподели фотографии и од посетата на Кан.
Арбенита по професија е модел. Таа беше во брак со косовскиот рапер Феро, кој го пријави за семејно насилство и сега води судска постапка. Заедно имаат едно дете.