• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Argeta ја претставува новата паштета за деца: Junior Kokokrem

21 ноември 2018, 08:30
  • cподели

Argeta Junior Kokokrem за малите гурмани

Дали, поради недостаток на време, често сте во дилема што да му понудите на детето како хранлив појадок или ужинка? Вкусната, разновидна и хранлива исхрана е важна за развојот на детето, но со денешниот брз ритам на животот често ни недостасува време за подготовка на оброци. Поради работата, многу обврски и работи по дома немаме многу време ни за дружење, а камоли за подготовка на здрави оброци. Секој родител сака да му го понуди на своето дете најдоброто што може, а децата секогаш сакаат нешто ново и потоа тоа со радост го јадат. Затоа Argeta Junior, паштета број еден за деца, разви иновативен производ кој комбинира два омилени намази за деца.

Дали вашите деца се љубители на паштета и на млечен намаз? Сега можат да уживаат во совршена комбинација на двата вкусови. Новиот, единствен вкус во линијата Junior - намазот Argeta Junior kokokrem – комбинира млечен намаз со кокошкини гради: кремлив деликатес кој ги воодушевува децата од сите возрасти. Новиот производ им нуди на родителите и децата брз и практичен оброк што ќе ги воодушеви и нахрани вашите најмлади во секое време од денот. На тој начин можете да му понудите на детето нешто хранливо и да заштедите време за други активности.

НАПРАВИ БУКА, КОКОКРЕМ Е ТУКА! НОВ ДЕЛИКАТЕС ЗА ДЕЦА!

Kokokrem

Новиот намаз Argeta Junior kokokrem комбинира квалитетно месо од кокошкини гради и 20% млечен намаз, кои заедно со специфични зачини прават единствен вкус. Децата ќе бидат воодушевени со благиот вкус од кокошкините гради, кои со млечниот намаз создаваат нежен деликатес кој измамува детска насмевка. Новиот вкус, како и сите други производи Argeta се:

  • без глутен,
  • без конзерванси,
  • без засилувачи на вкусот и
  • без вештачки бои

За да можат децата освен вкусниот оброк и да се забавуваат и да научат нешто ново, Argeta Junior ја претставува збирката дигитални книги Јуниор авантури, кои се прва дигитална платформа за развој на когнитивните способности на децата од различна возраст. Во секоја од дигиталните книги, во друштво со популарното паторче Јуниор патуваат низ забавни авантури и решаваат разни задачи во приказните.

Дигиталните книги во Argeta се развиени од признати развојни психолози, бидејќи сакаме да им понудиме на децата образовна содржина на забавен и интерактивен начин, да им помогнеме на родителите да поминат квалитетно време со своите деца.

Дигиталните книги можете да ги преземете на веб-страницата eknigi-junior.mk и да ги користите на вашиот компјутер, таблет или паметен телефон, дури и без Интернет врска.

Повеќе информации на eknigi-junior.mk

Tags
Argeta

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.