• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Арганово масло: Mистичните тајни на еликсирот на вечната убавина и здравиот живот

22 јуни 2016, 12:40
  • cподели

Дрвото арган од видот Argania spinosa, познато и како течното злато на Мароко, е еден од најстарите видови на дрво на земјата. Полека исчезнува целосно и сега може да се најде само во југо-западниот дел на Мароко. Тоа издржува суша и температури дури до 50 степени. Опстојува од 150-200 години, и доколку престане неговата егзистенција, по 7 години неговиот корен повторно се регенерира.

По обликот плодот наликува на маслинка, а во него се наоѓа семе со 3 јадра, од кое со ладно пресување се добива маслото. За еден литар масло потребно е околу 40 кг. овошје и 20 часа работа. Спроведени се неколку проекти за да се спаси овој вид на дрво, односно аргановата шума која покрива повеќе од 8,280 км2 и е национално мароканско богатство кое што сега е под заштита на УНЕСКО. Аргановото масло, старо илјадници години, својот подем го доживува дури во 21-виот век.

Арганово масло

Арганово масло е едно од ретките и најскапите масла на светот. Неговите тајни својства беа откриени во поново време во светот на убавината, каде што сега се многу добро познати за козметичките придобивки. Производот е најбаран од сите козметички компании во Европа.

Аргановото масло е најпознато по своите квалитети против процесот на стареење. Докажано е дека ја намалува појавата на брчки, ја подобрува виталноста на кожата и има својства на лекување. Најчесто се употребува во производи против стареење, лосиони за тело, лузни и третмани на егзема, сапуни, креми и шампони.

Арганово масло

Исто така, аргановото масло служи и за поттикнување на циркулацијата, подобрување на капацитетот на мозокот, има анти-инфламаторно дејство, има корисен ефект врз црниот дроб и варењето на храната, ревматски и кардиоваскуларни болести и воедно претставува моќен антиоксиданс за имунолошкиот систем.

Аргановото масло содржи повеќе од 80% есенцијални незаситени масни киселини, вклучително Омега-9 (олеинска киселина) и Омега-6 (линоленска киселина), кои се важни за пресретнување на слободни радикали и помага во формирање на клетките.

Арганово масло

Аргановото масло порано било продавано само во Мароко, како волшебен еликсир и било тешко да се најде надвор од регионот на производство. Од 2001-2002 година станува популарен производ во Европа и Северна Европа.

Чистото арганово масло е познато како есенција на природна убавина и е богато со ферулинска киселина, осум есенцијални масни киселини, каротеноиди, анти-оксиданси, стероли, сапонини и полифени. Аргановото масло има широка употреба и мултифункционалност. Сето ова е карактеристично за овој скапоцен плод, а тајната на производството е чувана од мароканските жени со векови наназад.

Арганово масло

Аргановото масло ja хидрира косата и ја прави мека и мазна. Како што аргановото масло влегува во косата, така ја подобрува еластичноста и го стимулира растот на косата. Поради антиоксидантните својства, аргановото масло овозможува регенерација на клетките што се наоѓаат околу коренот на влакното, поточно во фоликулата со која што е опколен самиот корен, а со тоа воедно се овозможува и намалување на оштетувањето на косата. Одлично е за сите типови на коса. Му помага на влакното да се опорави, да го врати сјајот и ја штити косата од штетните хемикалии. Одлично е за нега на косата во текот на целата година, особено во зимскиот и летниот период, бидејќи тогаш е изложена на зголемени штетни влијанија.

Арганово масло

Ова масло содржи многу високи количини на незаситени масни киселини, вклучувајќи и линоленска киселина, која ја штити и регенерира кожата. На овој начин се спречува сушењето на кожата и губење на еластичноста, со што се спречува настанување на брчки, па така кожата станува мека и затегната. Перформансите против појавата на брчки се зголемуваат како резултат на присуството на големи количини на витамин Е (токоферол), кој е познат како најмоќен биолошки антиоксиданс и како таков ги неутрализира слободните радикали. Исто така, витаминот Е ги заштитува клеточните мембрани од липидна оксидација, а со тоа се забавува процесот на стареење, како и регенерација на лузни на оштетената кожа.

Висококвалитетното арганово семе е внимателно селектирано и ладно цедено, така што се произведува комплетно органски чисто aрганово масло. Маслото е лабораториски анализирано и сертифицирано, и како такво е достапно денес на пазарот.

БИОкулт како еден од најпознатите брендови за здрава храна, кој секојдневно се грижи за здравјето на своите верни купувачи, го има вклучено и овој скапоцен плод во својата високоразновидна палета на производи со цел да им го овозможи на своите клиенти најдоброто и најквалитетното во Македонија. За секој кој посакува да ужива во придобивките на најчистото масло од срцето на аргановата шума и воедно елексирот на убавината и здравиот живот, во продажните места на БИОкулт може да го пронајдат природното арганово масло на брендот Bioplanete.

Промотивен текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.