• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Антониа Гиговска се огласи по критиките дека не доела: „Мајчинството не се мери по начинот на кој го храните детето“

1 јули 2026, 09:49
  • cподели

По бројните реакции кои ги предизвика со гостувањето во подкастот на Стефан Лазаров, Антониа Гиговска се обрати на Instagram во искрен пост за одлуката да не го дои своето дете.

Младата пејачка, која стана мајка на само 22 години, сподели зошто избрала да го храни Киан со адаптирано млеко наместо со мајчино и доби огромна поддршка од сопругот, пријателите и фановите.

Антониа сподели дека се обидела да дои, но дека се соочила со психичка исцрпеност, по што донела одлука својот син Киан да продолжи да го храни со адаптирано млеко. Таа сега испраќа поддршка до сите мајки кои минуваат низ нешто слично како неа.

Киан роденден

Еве го нејзиниот пост:

Чувствувам потреба да се огласам по вчерашното гостувањето во Лазаров Подкаст и коментарите поврзани со моето искуство со доењето.

Во поткастот отворено зборував за еден од најтешките периоди во мојот живот. Искрено и без маски затоа што сметав дека треба да зборувам и за таквите моменти од мојот живот.

Да, се обидов да дојам, но наместо да се чувствувам исполнето, јас се чувствував психички исцрпено. Плачев, се борев со емоции кои тешко може да ги разбере некој што не ги доживеал.

По многу преиспитувања сама со себе, донесов одлука да продолжиме со адаптирано млеко. Тоа не беше лесна одлука, но беше најдобрата одлука за мене, а со самото тоа и за моето бебе.

Не е ништо страшно ако немаш доволно млеко и продолжиш да го храниш своето дете со адаптирано млеко.

Затоа искрено ме растажува кога гледам колку лесно знаеме да осудиме некого, а колку ретко застануваме да разбереме низ што навистина поминува една мајка.

Ова не го пишувам за да се оправдувам. Немам потреба од тоа. Го пишувам затоа што знам дека во овој момент постои барем една мајка која се чувствува виновна затоа што не можела или не сакала да продолжи со доење. Ако си една од нив, сакам да знаеш дека не си сама. И не си помалку мајка.

Мајчинството не се мери според начинот на кој го храните вашето дете. Се мери според љубовта, грижата, непреспиените ноќи, посветеноста и сè она што секојдневно го правите за своето дете.

Од срце им благодарам на сите кои ме разбраа, кои ми дадоа поддршка и кои избраа емпатија наместо осуда. Токму поради таквите луѓе верувам дека е време да престанеме да ги третираме ваквите теми како табу.

На крајот, за мене е најважно моето дете да е сакано, здраво, среќно, најадено и никогаш да не е гладно. Тоа секогаш ќе биде поважно од секое туѓо мислење и секоја осуда.

Ако со мојата искреност охрабрам барем една мајка да престане да се чувствува виновна и да сфати дека не е помалку мајка поради одлуката што ја донела, тогаш знам дека вредеше да зборувам.

Со почит,
Антониа 🤍

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

Освен поддршката која ја имаше онлајн, Гиговска доби и бројни пораки со искуства од други мајки кои поминале низ слични ситуации. Таа објави дел од нив на Instagram Story.

Tags
Антониа Гиговска

Најнови

  • Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2026

    Wed, 07/01/2026 - 11:25
  • Антониа Гиговска се огласи по критиките дека не доела: „Мајчинството не се мери по начинот на кој го храните детето“

    Wed, 07/01/2026 - 09:49
  • Последно збогум за „чаирскиот романтичар“: Ѕвездено небо, солзи и отпеани хитови во чест на легендарниот Владо Јаневски

    Wed, 07/01/2026 - 08:59
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.