Антониа Гиговска како модна божица во бело покрај сопругот и синчето на промоцијата на новиот албум
Антониа Гиговска организираше одличен настан за да ја започне промоцијата на новиот музички албум, насловен „Жена“.
25-годишната македонска пејачка изгледаше фантастично во бела креација во која наликуваше на модна божица. Фустанот со асиметричен крој потсетува на модернизирана античка тога, а Антониа го надополни со впечатлив накит во златна нијанса кој го заокружи моќниот изглед.
Нашата музичка ѕвезда ја доби поддршката од своите најблиски, пријателите и од фановите, а најзначајната поддршка дојде од нејзиното синче Киан и сопругот Роберт Спасенцовски.
Антониа до сцената беше донесена во бела „кочија“.
Антониа и Роберт настапија со Благица Павловска и ја изведоа нивната преработка на песната „Чукај, чукај“.