Ангелот Марта Хант се вери, сподели дека момчето ја запроси на Бахамите и го покажа блескавиот прстен
Марта Хант има среќна вест. Убавиот ангел на Victoria’s Secret сподели дека се вери со Џејсон МекДоналд.
30-годишната Американка го прифати предлогот за брак на познатиот фотограф, кој ја побара за жена за време на нивниот одмор на Бахамите.
Среќната идна невеста сподели неколку фотографии од блескавиот веренички прстен. „Имам тајна“ – напиша таа во описот на Instagram.
Марта и Џејсон се во врска од 2015 година.