• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Анѓелка Прпиќ заљубена во Париз, се бакнува со сопругот Марко кој му беше најдобар пријател на нејзиниот бивши сопруг

16 февруари 2026, 10:48
  • cподели

Анѓелка Прпиќ деновиве ужива во романтично бегство во Париз заедно со сопругот Марко Жугиќ.

41-годишната српска актерка сподели дел од атмосферата со своите следбеници на Instagram. Парот прошета низ најпознатите париски локации, од легендарниот Мулен Руж до величествената Ајфелова кула. 

На фотографиите, актерката шармира во мини фустан комбиниран со црно сако и високи потпетици, а Жугиќ не ја пушта од прегратка. Во романтичниот опис на Анѓелка стои дека таа би умрела за него и дека пак би се родила за да го сретне.

Ѕвездата од серијата „Андрија и Анѓелка“ стапи во брак со Марко во 2023 година. Нивната ќерка Черна се роди во мај истата година. Анѓелка има и син од првиот брак со Дарио Прпиќ.

Анѓелка Прпиќ

Врската на Анѓелка и Марко поттикна скандали уште кога започна, бидејќи тој му беше најдобар пријател на Дарио. Многумина ја нарекоа „распуштеница“ на што таа возврати:

„Луѓето, па и самата јас, страшно лесно ги етикетираат другите луѓе. Многу лесно некому му плескаме што било. И тоа без да нè праша некој нешто. Не сме ни свесни колку сето тоа влијае на тој човек отспротива, на кого ние ноншалантно ќе му плеснеме сè в лице и ќе си заминеме! А тој некој ја собира туѓата енергија, тоа го правам и јас, страшно ја впивам туѓата енергија! Го впивам и туѓото расположение и потоа ќе се искривам цела, вака и се прашувам што ми е, зошто сум се здрвила“ – рекла таа.

„Зошто сум јас распуштеница, а разведениот маж не е распуштенко, туку е зрел човек со две деца? И сите обожаваат да ги гледаат како си играат со децата во паркот, една прекрасна слика“ – додала Прпиќ.

Анѓелка Прпиќ

Tags
Анѓелка Прпиќ
Марко Жугиќ

Најнови

  • Патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски

    NBA ѕвезда со патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски за All Star натпреварот

    Mon, 02/16/2026 - 12:45
  • Релаксирана и разиграна: Ирина Шајк е згодна мајка на плажа во Мајами со ќеркичката Леа

    Mon, 02/16/2026 - 12:11
  • Megawin

    Megawin.mk – единствената легална интернет-платформа што одговорно ја претвора среќата во забава

    Mon, 02/16/2026 - 12:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.