• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Анџелина Џоли на насловна на „Вог“ откако ќерка ѝ си го промени името, а синот Пакс беше фотографиран пијан

3 јуни 2025, 11:31
  • cподели

Анџелина Џоли блесна на насловната страница на јапонскиот „Вог“ откако две од нејзините деца кренаа голема прашина деновиве.

За јулското издание на модното списание, 49-годишната актерка сними фотосесија која „ја слави фузијата на јапонската традиција, одржливата мода и нејзиниот личен бренд, Atelier Jolie“.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Фотографиите на Џоли беа објавени по ширењето на веста дека нејзината ќерка Шајло си го променила името една година по отфрлувањето на презимето на татко ѝ Бред Пит.

Според информациите во странските медиуми, 19-годишната девојка била кореографка за синглот „Naïve“, а се потпишала со ново име: Shi Joli (Шај Џоли).

Анџелина Џоли

Викендов, медиумите споделија фотографии од синот на Анџелина, Пакс, на кои се гледа дека тој е под дејство на алкохол. 21-годишното момче не можеше да стои на нозете и си замина од забавата во Лос Анџелес со помош на пријателите.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Пред неколку години, Пакс јавно сподели дека има негативни чувства кон татко си, нарекувајќи го „светски шупак“ и „ужасно човечко суштество“ кое им го направил животот на децата пекол.

Пакс

Бред и Анџелина се разделија во 2016 година по инцидентот во авион кога актерот вербално и физички ги малтретирал шесте деца, кои сега живеат со мајка им.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.