• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Ана Ивановиќ го доби старателството врз трите деца, Бастијан месечно треба да им исплаќа 45.000 евра

25 ноември 2026, 12:04
  • cподели

Разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер изваде во јавноста нови детали за нивниот живот една и пол година по разделбата.

Според германските и српските медиуми, старателството над нивните три сина ѝ припаднало на Ана, додека Бастијан ќе има обврска да издвојува значителна сума пари за нивното издржување.

Имено, судот на Мајорка донел привремена одлука според која поранешниот германски репрезентативец ќе плаќа по 15.000 евра месечно за секое од трите деца.

Тоа значи дека вкупната сума за нивното издржување ќе изнесува 45.000 евра месечно, односно дури 540.000 евра годишно.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by OKmag.de OK! Magazin Germany (@okmagazin)

При одредувањето на износот, судот ги зел предвид финансиските можности на Швајнштајгер, но и животниот стандард на кој момчињата биле навикнати додека живееле со своите родители. Според информациите објавени во медиумите, во пресметките биле вклучени и високите трошоци за секојдневниот живот, меѓу кои храна, приватни готвачи, дадилки, куќни помошнички и градинар.

Се наведува дека семејството трошело од 6.000 до 7.000 евра месечно само за храна, а за секое од децата имало по една дадилка.

Според медиумските извештаи, поранешната српска тенисерка ќе продолжи да живее со синовите Лука, Леон и Тео на Мајорка, а ќе ја задржи и луксузната семејна куќа, која ја купила пред да започне заеднички живот со поранешниот фудбалер.

Одлуката за алиментацијата е привремена судска мерка донесена во Шпанија, додека главната бракоразводна постапка се води во Минхен.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ŽENE FUDBALERA | WAGS (@zene_fudbalera)

Љубовната приказна на Ана и Бастијан започна во 2014 година. Успешните спортисти се венчаа на раскошна церемонија во Венеција во јули 2016 година. Тие добија три сина, а по речиси една деценија заеднички живот, нивниот брак заврши со развод.

Ана Ивановиќ

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер

Tags
Ана Ивановиќ
Бастијан Швајнштајгер

Најнови

  • Ана Ивановиќ го доби старателството врз трите деца, Бастијан месечно треба да им исплаќа 45.000 евра

    Wed, 11/25/2026 - 12:04
  • Слушни ме

    Заврши снимањето на „Слушни ме“, филмот за Слаткаристика со гласна порака

    Wed, 11/25/2026 - 12:03
  • Тиго

    Тиго го унапредува онлајн кредитирањето со интеграција на Evrotrust

    Wed, 11/25/2026 - 11:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.