• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Американскиот режисер Роб Рајнер со сопругата пронајдени мртви во нивниот дом, биле убиени од синот

15 декември 2025, 10:04
  • cподели

Роб Рејнер и неговата сопруга Мишел Сингер беа пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес. Повеќе извори за People потврдиле дека станува збор за убиство и дека тоа наводно било извршено од страна на нивниот син Ник.

Полицијата потврди дека синоќа биле пронајдени телата на 78-годишниот режисер и на неговата 68-годишна сопруга во нивниот дом. Двајцата имале повреди нанесени од нож.

Телата ги пронашла нивната ќерка Роми која живеела во нивна близина.

Претставник на семејството ја потврди трагичната вест:

Со длабока тага соопштуваме за трагичната смрт на Мишел и Роб Рајнер. Скршени сме од оваа ненадејна загуба и ве замолуваме за приватност во ова неверојатно тешко време – се вели во изјавата.

Повеќе извори кои разговарале со членови од семејството за People изјавиле дека извршителот на убиствата е синот на Роб и Мишел, Ник. Полицијата ги нема потврдено ваквите изјави, но објави дека 32-годишниот Ник е жив и дека е испрашуван во полициска станица.

Роб беше режисер, продуцент и актер, кој најмногу ќе остане запаметен по филмовите: „Stand by Me“ (1986), „The Princess Bride“ (1987), „When Harry Met Sally...“ (1989), „Misery“ (1990) и „A Few Good Men“ (1992).

Роб и Мишел се запознале кога тој го режираше филмот „When Harry Met Sally...“ и стапија во брак во 1989 година. Тие заедно имаат три деца.

Tags
Роб Рејнер
Мишел Сингер

Најнови

  • Никогаш повеќе сама на dm

    dm обезбеди повеќе од 320 000 бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети во академската 2025/2026 година

    Fri, 01/30/2026 - 13:17
  • Гоца Тржан искрено за борбата да има уште едно дете: „Не би се лутела ако Раша се предомисли и посака дете со друга жена“

    Fri, 01/30/2026 - 12:55
  • Тамара Тодевска со децата

    „Не жалам за ништо, сакам да им обезбедам убаво и среќно детство на Хана и Дарен“: Тамара Тодевска искрена за мајчинството

    Fri, 01/30/2026 - 12:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.