• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Американската амбасадорка во Грција критикувана за проѕирниот фустан на формален настан во Атина

1 декември 2025, 11:08
  • cподели

Кимберли Гилфојл предизвика бројни реакции поради изборот на облека на свечената вечера по повод Денот на благодарноста која се одржа во Атина.

Американската амбасадорка во Грција се појави во тесен, чипкаст и делумно проѕирен фустан кој, според многумина на социјалните мрежи, бил „невообичаен“ и „несоодветен“ за дипломатска функција и за настан на кој присуствуваа високи официјални претставници. 

Дел од коментарите го споредија нејзиниот изглед со „нешто што би го носела ријалити ѕвезда, а не амбасадорка“.
 

Interesting attire for a US Ambassador at a formal occasion. pic.twitter.com/Tcd4rkBUlA

— Ron Filipkowski (@RonFilipkowski) November 26, 2025

Настанот се одржа во луксузниот хотел „Grande Bretagne“. Гостите уживаа во коктел-прием и свечена вечера, а потоа следуваа обраќања, меѓу кои и на самата амбасадорка.

Ова не е првпат Гилфојл да предизвика внимание со своите смели модни избори. Откако ја започна дипломатската должност во Грција, таа неколкупати привлекла внимание со впечатливи и гламурозни стајлинзи.

 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Kimberly Guilfoyle (@kimberlyguilfoyle)

Гилфојл беше во шестгодишна врска со Доналд Трамп Џуниор, со кого се вери во 2020 година. Нивната врска заврши кон крајот на 2024 година.

Поранешната новинарка на Fox News беше предложена за амбасадорка во Грција од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, во декември 2024 година. Нејзината номинација беше одобрена од Комитетот за надворешни работи на Сенатот во јули 2025 година, а на 29 септември истата година положи заклетва, станувајќи првата жена на оваа функција.

Tags
Кимберли Гилфојл

Најнови

  • „Кој ги уби тие деца?“: Емотивниот говор на Игор Џамбазов за жртвите во пожарот во Кочани на „Златна бубамара“

    Mon, 03/09/2026 - 19:40
  • Колекција на Зухаир Мурад

    Софистицираност на максимум: Зухаир Мурад плени со колекција за тајните на париските ноќи

    Mon, 03/09/2026 - 16:52
  • Fashion Weekend Skopje

    32 сезони подоцна: Модата како културна архитектура

    Mon, 03/09/2026 - 13:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.