• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

АмЧам Македонија избра ново лидерство

30 октомври 2018, 15:33
  • cподели

На 18-тото Генерално собрание претставници на компаниите членки на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) избраа 5 нови членови на Одборот на директори:

- г-ѓа Маја Филипчева, Менаџер за даноци и аутсорсинг, Грант Торнтон Македонија;

- г-дин Никола Љушев, Главен извршен директор, Македонски Телеком;

- г-дин Владимир Косијер, Генерален Директор, Пивара АД Скопје;

- г-дин Љупчо Георгиев, Генерален менаџер, Мајкрософт Македонија;

- г-дин Марјан Петрески, Заменик ректор за истражување, Универзитет Американ Колеџ Скопје;

АмЧам Македонија

Оваа година на Собранието присуствуваа 120 претставници од компаниите членки на Комората. Настанот официјално го отвори тековниот Претседател на Одборот на директори, г. Славко Пројкоски, кој посочи дека деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството, како и да разговара со креторите на политики за идеи кои би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување.

„АмЧам континуирано работи на подобрување на локалната деловна средина преку организирање на настани за размена на знаења како и преку директен ангажман со креаторите на политиките во насока на идентификување на клучните економски и општествени предизвици и можни решенија. Прашањата како што се јакнење на транспарентноста и предвидливоста на политиките, и подобрување на квалитетот на образованието се дел од приоритетите на членовите на Одборот на директори на АмЧам, Извршната канцеларија и членовите на комитетите“ – изјави г-дин Пројкоски.

АмЧам Македонија

Официјално обраќање имаше и амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Џес Бејли, кој нагласи дека АмЧам Македонија е најактивна странска и локална бизнис асоцијација во делот на заземање за деловната заедница, укажувајќи ја важноста од учеството на бизнис заедницата во демократските случувања и промени во земјата, како и можноста за напредок, проширување на пазарот, борба со корупцијата, зголемување на транспаретноста и предвидливоста на бизнис политиките како неколку од многуте придобивки од членството на земјата во НАТО.

АмЧам Македонија

Работниот дел на Собранието го водеше Извршниот директор на АмЧам Македонија, Дијана Десподов, која го презентираше извештајот за реализираните активности и проекти во изминатите 12 месеци, нагласувајќи импозантни проценти на вклученост на членките во активностите на комората.

Комерцијален текст

Најнови

  • Низ град со Кики

    Посмела и визуелно моќна: „Низ град со Кики“ се враќа со нова сезона

    Sat, 11/22/2025 - 18:00
  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.