• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

Амбициозна цел или невозможна мисија? Планот за преполовување на пушачите за 2 години под лупа

23 март 2026, 12:01
  • cподели

Македонските здравствени власти поставуваат амбициозна цел – значително намалување на бројот на пушачи во рекордно краток рок. Со новиот Закон за заштита од пушење, министерот за здравство Азир Алиу очекува драматично намалување на пушењето и позиционирање на Македонија како пример на глобално ниво.

Со стапка на пушење од околу 45%, односно приближно 589.000 активни пушачи, проекциите подразбираат дека за само неколку години бројот би се намалил на околу 294.500. Ваквите очекувања беа споделени на неодамнешна прес-конференција, каде министерот најави дека законот наскоро ќе се најде на владина седница.

„Ценам дека за многу брзо нашата земја ќе биде препознаена и во Европа и во светот, како што сме денеска препознаени со овој фантастичен успех што го имаме во намалувањето на неонаталната смртност кај децата под пет години... се надевам дека за две-три години исто ќе имаме прес-конференција за намалување на пушачите во државата. Од над 45 проценти да се надеваме таргетот да се стави под 20 проценти“, изјави министерот Алиу.

Колку е оваа цел достижна и дали може македонскиот закон да и ја одземе шампионската титула на Шведска? Оваа скандинавска држава ја има преполовено стапката на пушење. Во 2008-мата година стапката на пушење во Шведска изнесувала 15,5%, а сега таа е драстично намалена на само пет проценти. Односно, Швеѓаните успеале во период од 18 години да го направат тоа што домашните здравствени власти со новиот Закон за заштита од пушење планираат да го направат за рок од две години.

Дополнително, позитивниот пример на Шведска е базиран на стратегија која е дијаметрално спротивна од пристапот што се најавува да биде усвоен кај нас. Со Законот кај нас силно ќе се ограничи продажбата на алтернативните никотински производи и ќе се забрани маркетингот. За маркетите и трафиките ќе бидат забранети никотинските ќесички, електронските цигари и патроните за уредите на загревање, кои се со вкусови или ароми. Наспроти ова, Шведска ја стимулира продажбата, односно употребата на овие производи. Главната причина за овој брз пад во Шведска не е само строгата регулатива, туку и прифаќањето на алтернативни производи, што им овозможува на пушачите на цигари, кои не можат целосно да ја прекинат зависноста од никотин, да се префрлат на помалку штетни алтернативи. Швеѓаните се на чекор да бидат првата нација „без чад“. Кај популацијата на возраст од 16 до 29 години, стапката на пушење е падната на неверојатни 3%. Како резултат на ова, Шведска има и најниска стапка на болести поврзани со пушењето и 41% помала смртност од канцери предизвикани од тутун во споредба со остатокот од Европската Унија.

Покрај фантастичните очекувања, на прес-конференцијата министерот Алиу истакна и дека за време на подготовката на текстот на законот биле анализирани предлозите од сите засегнати страни. Тој додаде дека по разговорите со стејкхолдерите, сега сите отворени прашања биле затворени. Но, за кратко беше демантиран. Од Групацијата на производителите на тутун и тутунски производи изразија разочарување, додавајќи дека ниту една од нивните аргументирани забелешки не била вградена во новата верзија.

Оттаму информираат дека нивните ставови и мислења воопшто не биле земени предвид, а предложениот текст, иако формално наведува јавноздравствени цели, реално воведувал несразмерни ограничувања кои го нарушуваат легалното работење на индустријата и создаваат сериозни последици што ќе се почувствувале многу брзо.

„Овој текст е неусогласен со релевантната регулатива, во делови неприменлив и несразмерно рестриктивен, со директно негативно влијание врз легалните комерцијални активности. Иако ја поддржуваме целта за строга рамка за забрана на пушење во затворени простории и заштита на младите, предложените решенија нема да ги постигнат посакуваните резултати во јавното здравје. Уште поважно, предложените мерки не водат кон намалување на употребата на тутунски производи, туку поттикнуваат одлив кон сивата економија, која веќе достигнува 13–14% од пазарот, со неконтролирана продажба, небезбедни производи, прекугранично снабдување и сериозни загуби за буџетот“, соопштија од Групацијата.

Нивните анализи укажале дека прекумерните рестрикции, во споредба со други примери, не ја намалуваат преваленцата на пушење, туку доведуваат до раст на нелегална трговија со тутунски и никотински производи, до снабдување со производи од соседни држави со непроверен квалитет и доведување во ризик на здравјето на граѓаните од производи кои не ги поминуваат потребните проверки за безбедност и квалитет, како и сериозен пад на буџетските приходи, на сметка на раст на нелегалната трговија и нарушување на целиот синџир на вредност. Групацијата од Министерството за здравство бара регулаторни решенија кои се пропорционални, применливи и засновани на докази, а не мерки кои одат подалеку од европските практики и директиви, како и неусогласеност со други позитивни законски прописи и притоа создаваат повеќе штета отколку корист. Според најавите на министерот за здравство Азир Алиу, новото законско решение ќе биде факт за месец и половина, кога се очекува да заврши собраниската процедура.

Најнови

  • Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци

    Mon, 03/23/2026 - 13:00
  • Отворање на нова dm продавница

    Се отвора нова dm продавница во K Retail во Кисела Вода

    Mon, 03/23/2026 - 12:51
  • Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025

    Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 - најпрестижното призние во Coca-Cola HBC Групацијата

    Mon, 03/23/2026 - 12:42
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.