• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Алкалоид станува партнер на СОС Детско село

27 декември 2022, 14:22
  • cподели

СОС Детско село – Северна Македонија е дел од интернационална организација којашто работи во 136 земји во светот веќе 70 години и е посветена на помош и на поддршка на најранливите – децата.

СОС Детско село е организација којашто во моментов се грижи за повеќе од 394 деца и млади кои се без родители/родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Oд згрижувањето на првото дете во 2002 година, СОС Детско село во земјава има помогнато на стотици илјади деца, овозможувајќи им поддршка, љубов, топол дом, чувство на припадност и сигурност, квалитетно образование, посигурна иднина и можност да имаат поубаво детство. Во минатото, Алкалоид АД Скопје во неколку наврати ја има поддржано оваа организација.

Алкалоид партнер на СОС Детско село

„Навистина ми е драго што сме овде денес да го означиме почетокот на една нова стратешка соработка со СОС Детско село. Започнуваме со именување на една од куќите на овој локалитет во куќа Бекутан, а во пресрет на 45-годишниот јубилеј на овој наш детски бренд, имам чест да најавам дека соработката со СОС Детско селоќе продолжи и во текот на цела 2023 година во проширена форма.“ – изјави Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

Алкалоид партнер на СОС Детско село

Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село, истакна дека т.н. „кумство“ на куќата Бекутан, освен финансиска поддршка, подразбира и градење искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработените во Алкалоид АД Скопје, посочувајќи ја грижата за децата како основна цел на двата ентитети, секој на свој специфичен начин:

„Нашите заеднички активности во текот на годината којашто следува ќе се одвиваат под мотото ’СЕКОЕ ДЕТЕ Е НАША ГРИЖА‘. Благодарни сме за ова стратешко партнерство кое ќе ни помогне во обезбедување втора шанса за безгрижно детство на многу дечиња!“ – изјави Накова Гапо.

Алкалоид партнер на СОС Детско село Алкалоид партнер на СОС Детско село

Во куќата Бекутан има 4 деца на возраст од 4 до 12 години и една младинка од 15 години којашто транзитира во младинска куќа. СОС Детско село во населбата Ченто има дванаесет куќи во коишто се сместени 59 деца до 14 години. Организацијата функционира со помош на донации од индивидуалци, компании, институции и на разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво за потребите на децата коишто се згрижени во СОС Детско село. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/.

Алкалоид партнер на СОС Детско село Алкалоид партнер на СОС Детско село
Tags
Алкалоид
СОС Детско село

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.