Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ позираат гушнати на неговиот 41. роденден, таа сподели преслатко видео
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ имаат посебен повод за славење – неговиот 41. Роденден.
Славната српска пејачка сподели фотографија на која позираат заедно и напиша:
„Среќен роденден Филип“.
Александра, која стапи во брак со Филип во 2018 година, сподели и преслатко видео од нивните заеднички моменти низ годините. Видеото, на кое се гледаат нивните најубави семејни и љубовни моменти, беше објавено на фан страницата посветена на Пријовиќ.
Меѓу првите кои испратија честитки за славеникот беше неговата мајка Зорица Наќиќ. Зорица го доби Филип додека беше во брак со сегашниот сопруг на Лепа Брена, Слободан Боба Живојиновиќ.
Таа сподели фотографија од Филип од неговата младост и упати емотивна порака до синот: „Среќен ти роденден, сине, те сака мајка бескрајно“.
Александра и Филип се во брак од 2018 година и заедно имаат две деца. Иако двајцата се постојано во центарот на вниманието поради своите професионални ангажмани, приватниот живот најчесто го чуваат подалеку од јавноста.
Филип се школувал во САД и дипломирал психологија и бизнис менаџмент на Универзитетот „Рајс“ во Хјустон, а денес е успешен продуцент и голема поддршка за кариерата на својата сопруга.