• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Актерот од „Џуманџи“ и „Топ Ган: Маверик“ избоден до смрт, уапсен е синот на неговата девојка

5 јуни 2026, 15:12
  • cподели

Светот се збогува со Џејмс Хенди.

Актерот, познат по улогите во „Џуманџи“ и „Топ Ган: Маверик“, беше избоден до смрт на 81-годишна возраст. Осомчичен за убиството е синот на неговата девојка.

Според информациите на полицијата во Лос Анџелес, Хенди бил пронајден во неговиот двор во Калифорнија со повеќе убодни рани во пределот на градите. Итно бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

За убиството е уапсен 44-годишниот Мајкл Гледхил, син на девојката на актерот. Според полицијата, непосредно пред пристигнувањето на службите за итна помош, бил примен вознемирувачки повик на бројот 911, при што повикувачот рекол: „Јас сум синот на човекот, штотуку го убив човекот на гревот“.

Кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот, осомничениот сам им пришол и им кажал дека го бараат токму него. Тој веднаш бил приведен и против него е поднесено обвинение за убиство. Одредена му е кауција од два милиони долари.

Џејмс Хенди беше актер со кариера долга повеќе од пет децении. Роден во Њујорк, тој остави голем белег во филмската и телевизиската индустрија со десетици улоги. Публиката најмногу го памети како истребувачот на инсекти во „Џуманџи“ од 1995 година и како шанкерот Џими во блокбастерот „Топ Ган: Маверик“ од 2022 година.

Во текот на кариерата се појави и во филмовите „Logan“, „К-9“ и „Arachnophobia“, како и во популарните серии „NCIS: Los Angeles“, „CSI: NY“, „NYPD Blue“, „Law & Order“ и „The X-Files“.

Неговата агентка Пем Елис-Евенас со тага ја потврди веста за смртта.

„Не можев да посакам поталентиран, поскромен и попријатен клиент и пријател од Џејмс Хенди“ – изјави таа.

Tags
Џејмс Хенди

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.